Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Преиспитуваат наметнати ставови, верувања и системи на вредности, ги критикуваат со цел да ги отфрлат, а контрирањето и бунтот се само маневри со кои тоа го постигнуваат.
АДОЛЕСЦЕНЦИЈА, најбурниот период од растењето, во кој децата стануваат зрели личности, ни малку не е лесен ни за нив, ниту за родителите.
Многу мајки и татковци не се сигурни како треба да се однесуваат, губат нерви и не се во состојба рационално да разговараат со својот тинејџер. Всушност често мислат дека секаков разговор е невозможен, иако псхолозите го тврдат спротивното.
За да знаете како да му пристапите на детето, првенствено треба да знаете што му се случува. Дали некогаш сте се запрашале зошто тинејџерите секогаш “удираат” контра? Заради што превртуваат со очите кога ќе им поставите едноставно прашање “Што има ново?” или “Како беше во училиште”? Се жалат дека им досадувате и сакаат да бидат Ваша суштинска спротивност.
Адолесценцијата е толку “проблематична” заради тоа што е период во кој детето се обидува да дојде до својата автентичност, тврдат психолозите.
Додека е мало, родителите се единствен пример, нивното мислење не се преиспитува, туку се зема како единствено мерило на вредности. Меѓутоа, со растењето тинејџерот мора да ги преиспита наметнатите ставови, верувања, системи на вредности, да ги стави на тест, за да ги доживее како свои, или потполно да ги отфрли. Исто така, сака да припаѓа и во група, врсниците му значат многу и заради тоа не е сигурен како треба да се однесува.
Бунтот, постојаното контрирање, експериментирањето во облекувањето и физичкиот изглед се маневри со кои се служат тинејџерите за да го пронајдат своето место во општеството и да дојдат до сопствени заклучоци.
Девојчињата често сакаат да бидат суштинска спротивност на своите мајки, односно сакаат да бидат физички и карактерно различни. Истражувањата покажуваат дека девојчињата многу лошо се согласуваат со мајките, додека со татковците успеваат да најдат заеднички јазик. Контрирањето не е одраз на безобразлук и невоспитание, како што повеќето родители мислат, туку начин на кој детето Ви испраќа порака дека има сопствено мислење и дека очекува да го почитувате.
И затоа немојте да паѓате во оган штом Вашиот тинејџер ја почне секоја реченица со “не”, туку обидете се да му се приближите. Тоа можете низ некои едноставни, животни работи. На пример заинтересирајте се за тоа што сака, за облеката која ја носи, музиката која ја слуша...
Ако едниот родител не може да му се приближи на детето, нека се обиде другиот.. Ако ни двајцата родители не можат да допрат до детето, тогаш можеби треба да разговара со психолог.
На тинејџерите им е многу попријатно да разговараат за своите сомнежи, стравови, проблеми, со некој кој не е член на семејството. Бидете трпеливи, полни со разбирање и поддршка и работите ќе дојдат на свое место, а тинејџерските лудости ќе останат да се раскажуваат како семејни анегдоти.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?