Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Dolce&Gabbana - Pat McGrath за ревијата на Dolce&Gabbana креираше ултра нежен изглед со eyeliner. Таа нанесе многу танка црта на горната линија на трепките и лесно ја извлече во надворешнот дел на окото. Целото лице има многу малку шминка, природно руменило е безбоен сјај за усните.
Chanel – eyeliner во полн сјај! Peter Philips го заоквири целото око со црн eyeliner, кој е лесно извлечен во надворешните агли на очите. Овде очите се силно истакнати со интензивна сребрена сенка која е виисоко до веѓите и ниско под очите. Трепките се интензивни со неколку слоеви маскара, но образите и усните се потполно неутрални.


Thierry Mugler – Интензивен ретро изглед, eye liner и црна сенка. Liner-от е нанесен на поголемиот дел од очните капаци и извлечен во надворешните делови на окото. Под очите црната сенка е исенчана како smokey eyes. Остатокот на лицето и потполно без шминка.
Louis Vuitton – Црн eyeliner во комбинација со нежна сенка со боја на праска. Многу нежен изглед кој одговара за дневно и ноќно излегување. Целото око е лесно заоквирено со црн liner кој е лесно извлечен во надворешните агли. На капаците на очите е нанесена сенка со боја на праска кој дава влажен ефект.

Marc Jacobs – инспириран од 60-те овој make-up артист создава посебен изглед со црн liner и молив за очи.Liner-от е нанесен на горната линија на трепките, а под очите од средината до надворешниот агол очите се исенчани со црн молив. Црната сенка ја следи линијата на liner-от. Веѓите се јако дефинирани, а остатокот на лицето е скоро без шминка.
Jean Paul Gaultier - make up артистот Lloyd Simmonds создаде многу драматичен изглед комбинирајќи црн eyeliner и црна сребрена сенка за очи. Се е добро компонирано во интензивен мачешки изглед на smokey eyes. Целото око е заоквирено со црн еyeliner, на горниот и долниот капак исенчана е црна сенка која е извлечена во надворешниот дел на окото. Сребрената сенка го прави овој изглед уште поинтензивен и подраматичен. Трепките и веѓите се силно дефинирани, а остатокот на лицето е неутрално нашминкан.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...
Дали ултразвукот е безбеден за бременоста?
Ултразвукот (ехо преглед) се смета за безбеден за време на бременоста ...
Кога е потребно индуцирано породување?
Индуцираното породување е медицинска постапка со која лекарите го потт...
Најголемите предности на мајчиното млеко
Мајчиното млеко е природна и целосна храна која е совршено прилагодена...
Нормална телесна температура кај новороденчиња и бебиња
Телесната температура кај новороденчињата и малите бебиња може малку д...