Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Не се сеќавам кога, последно откако станав мајка, ми било така лошо како овој пат. Сите настинки поминале така од на нога што би се рекло, со некое чајче испиено набрзина и веќе изладено, со витамини и по некое овошје.
Овој пат не беше тоа вирус, нешто како да ми ја зеде силата и ме собори.
Решив грижата за синчето да ја препуштам на тато, кој имаше помош и од баба и дедо.
Легнав , мислев дека никогаш нема да можам да станам. Слушав гласови како од некоја дупка, како да се сите некаде далеку од мене.Можеби и сум заспала. Сонот одамна така брзо не ми дошол, веќе две години заспивам со грижи што и како би било.
Наеднаш ме разбуди прегратката на мојот мал син кој бараше да се гушкаме. Весело дете кое не знае да запре , кое е постојано активно и нон стоп бара нови игри.
Овојпат неговите мали слатки рачиња беа многу топли, а лицето некако мамурно.Го допрев малото чело кое гореше од температура.
Веднаш скокнав, му ја измерив температурата, го истуширав и направив се што треба за таа да спадне.
Детето легна на креветот ми ги подаде рачињата и заспа. Беше уморно и му беше тешко од температурата. Не сакаше ни да јаде ниту да пие.
Се сетив дека и мене претходно не ми беше добро и не можев да јадам па не го терав со сила.
Следуваше тешка и долга ноќ, во мислите ми се појави мојата мајка, која секогаш бдеела над мене ако сум била болна, ми менувала облоги, нежно ми пеела.Кога ќе сум ги отворела очите таа била до мене.
Можеби некогаш и нејзе не и било добро, но тоа дури сега ми стана јасно.
Ноќта ни помина во мерење на температура, подготовка на облоги, менување, преслекување на пелени и извалкани алишта од сируп и истурен чај, ставање чепчиња и смирување на расплаканото дете.
Со последните сили кога веќе сонцето поспано се прозеваше, повторно меревме температура, за среќа ја снема. После тоа сум заспала. Како не знам ни самата. Можеби и не смеев.
Важно е што се помина.
А како сум јас?
Тоа воопшто не е важно.Она што е најважно е тоа дека сум му потребна на едно мало беспомошно суштество кое не знае како само да се избори со болестите , кое не знае што му се случува, кое знае само дека неговата мајка е тука за се, и кога се радува и кога плаче, и кога трча додека му држат нозете и кога лежи болно.
А другото, ќе се заборави...
Ваша Pepelaska RR
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...
Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Доаѓањето на бебето сигурно ќе донесе и малку немир во вашиот живот. ...
Често поставувано прашање е дали да се купи или не, насилна играчка?...
Еднократни или платнени пелени. Што е подобро?
Кога станува збор за пелени, прашањето еднократни или платнени е едно ...
Фрази што ја зголемуваат самопочитта кај детето
Самопочитта се гради секој ден, преку начинот на кој зборуваме, реагир...
Што да понесете со себе во породилиште?
Убаво е списокот на потребни работи да го подготвите на време. Навреме...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?