|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што кога бебето на летување ќе се разболи?

Редакција Рингераја, 30.7.2023
Која е разликата меѓу прегреаност и фебрилност и како да се однесувате во случај на висока температура или дехидрација додека сте на летување, дознајте во текстот кој следи

image
/11


Колку и да ни е потребно летување на нас возрасните, толку за бебињата и малите деца претставува стрес, за што е потребно извесно време за адаптација. Во тој период на стрес ги демнат повеќе опасности.

 

Стресот влијае на имунитетот

Стресот ги намалува одбранбените способности на организмот, а новата средина е полна со микроорганизми со кои децата дотогаш не доаѓале во контакт, па нивниот имун систем почнува да реагира. Посебно се чести цревните инфекции, бидејќи топлото време може да ја расипе храната, ако неправилно се чува. Нередовното снабдување со вода за пиење и користењето на неиспитана и непреварена вода, но и загадената вода во која децата се капат, понекогаш е причина за вистински мали епидемии. Праксата покажува дека, посебно на море, многу се чести вирусни инфекции – како цревни, така и респираторни, кои по правило се попратени со висока температура. За да не дојде до прекин на летувањето, бидете подготвени да се справите со овие болести...и не паничете, за неколку денови обично се поминува.

 

Прегреаност или фебрилност?

Доколку забележите дека кожата на бебето и потопла од вообичаено, измерете му ја телесната температура. Ако е покачена, можеби во прашање е прегреаност, но и фебрилност. Ако телесната температура спадне кога детето ќе се разлади  и ќе се напие течности, во прашање е прегреаност. Во потежок случај на прегреаност настапува топлотен удар, посебно кај бебињата, кои се и најмногу загрозени од топлината – како од силното сонце, така и од автомобилите и автобусите, во текот на патувањето. До топлотен удар може да дојде и под сенка, доколку е многу топло. Заради незрелоста на центарот за терморегулација, бебето не е во состојба да ја одржува температурата на телото нормална, при големи надворешни температурни промени, во првите шест недели од животот, па затоа не треба да се носи на пат.

 

Како да разликувате прегреаност и фебрилност?

Прегреаност: Висока ректална температура, топли раце и стопала, кожна температура на стомачето повисока од коната температура на рачето за два степени, розева кожа, здрав изглед.

Фебрилност: Висока ректална температура, ладни раце и стопала, кожна температура на стомакот повисока за 3 степени од кожната температура на рацете, бледа кожа, болен изглед.

 

Како се манифестира топлотниот удар?

Детето кое претрпело топлотен удар изгледа лошо, бледо е, омалаксано и препотено, има покачена температура, главоболка и често повраќа. Бебињата знаат да бидат исклучително раздразливи, а во потешки случаи може да дојде и до губење на свест. Тоа се сериозни ситуации во кои детето мора да биде прегледано од лекар, посебно ако топлотниот удар се измеша во инфекција. Во случај на инфекција температурата не спаѓа по еден час, туку расте уште повеќе. Тогаш се работи за фебрилност.

 

Што да преземете?

Раскомотете го бебето и дадете му да пие течности. Ако ректалната температура е повеќе од 38,5 дадете му на детето парацетамол. Бањањето во млака вода доаѓа во предвид само ако на бебето му годи.

Потрудете се да детектирате уште некои симптоми на болест. Затнат нос упатува на инфекција на дишните патишта. Ако бебето почне интензивно да плаче, особено ноќе и додека јаде и се фаќа за уши – може да има воспаление на ушите. Ако повраќа и/или има пролив, тоа може да биде знак за цревна инфекција.

 

Дали на бебе со покачена температура треба да се даваат антибиотици?

Антибиотиците не се лек за намалување на температурата и не треба да се даваат самоиницијативно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Првите знаци дека бебето напредува добро
Во првите месеци од животот секој родител се прашува: „Дали моето бебе напредува како што треба?“. Иако секое бебе се ра...
15
Што да направите кога доенчето има запек и...
Запекот и коликите се дигестивни функционални тегоби кои се јавуваат кај 5–20% од доенчињата. Понекогаш се појавуваат и ...
4
Стари македонски имиња за момчиња
Кога очекувате бебе, едно од нештата кои ви предизвикуваат возбуда, е изборот на името на новиот член во семејството. Ве...
4
Бенефити од контакт кожа на кожа во првиот...
Првиот час по раѓањето на бебето често се нарекува “Светиот час”, бидејќи тоа е толку посебно време. Вашата кожа е најпр...
3




Анкета

zaednica
mamiko

Dali e podobro da se zivee vo zaednica ili sam.

vo zaednica (20%)

sami(so deca, se razbira) (80%)


Број на сите гласови: 189

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!