Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
1. Многу идни мајки мислат дека бременоста ги прави помалку атрактивни, но повеќето мажи не се согласуваат со тоа. Во едно истражување, 60% од мажите чувствувале иста сексуална привлечност кон своите бремени жени, а 27% почувствувале дури зголемена привлечност.
2. Популарното верување за формата на трудничкото стомаче - лубеница или баскет - не е поврзано со полот на бебето. Но затоа формата над стомачето прави разлика. Жените кои носат девојче, растат повеќе во градите за време на бременоста за разлика од оние кои носат машко бебе. Машкиот фетус произведува тестостерон што може да го намали растењето на градите.
3. Изненадувачки, бремена жена која го сонува полот на своето дете или која има силно чувство за тоа дали бебето ќе биде машко или женско, обично ја знае однапред и вистината, бидејќи таа женска интуиција е и научно докажана.
4. Жените кои имаат живописни соништа за време на бременоста имаат пократко породување, од оние кои не сонуваат. Кај сонувачите, оние кои имаат кошмари во третото тромесечие имаат дури уште пократко породување од оние кои сонуваат мирни соништа. Целта на сонувањето е да се разрешат внатрешните конфликти и да се процесираат нови информации, што доведува до психолошка подготвеност за раѓањето на бебето.
5. Слабите девојки повеќе раѓаат ќерки. Многу истражувања покажале дека кога станува збор за полот на бебето, мала но незначителна разлика прави и тежината на мајката. Објаснување: Женските ембриони се поиздржливи од машките, па затоа можат да опстанат и во потешко хранлива средина, што резултира со повеќе женски деца кај слабите жени. Сепак оваа опсервација е на ниво на популација и секако не е релевантен показател на полот на детето.
6. Во третото тромесечие од бременоста, потта на бремената жена содржи нови хемиски соединенија (феромони). Никој со сигурност не знае зашто овие соединенија се појавуваат и потоа исчезнуваат со породувањето. Се вели дека му помагаат на новороденчето во идентификување на својата мајка. Но интересно е и тоа што се смета дека таквиот телесен мирис на мајката го поттикнува и лачењето на хормонот пролактин кај партнерот што влијае на неговото поврзување со детето и чувството на татковство. Мажите со поголемо ниво на пролактин за време на породувањето се повниметелни од оние со пониско ниво на хормонот.
7. За време на бременоста, клетките се провираат низ плацентата. Клетките на фетусот влегуваат во мајката и обратно, мајчините влегуваат во бебето и остануваат таму за цел живот. Кај мајката, клетките на фетусот се смесуваат во белите дробови, 'рбетниот мозок, кожата, штитната жлезда, црниот дроб, желудникот, грлото на матката, жолчното кесе, слезината, лимфни јазли и крвните садови. Клетките на бебето остануваат да живеат и во срцето и мозокот на мајката. Клетките на плодот можaт и да бидат причина за одредени промени во мозокот што се случуваат за време на мајчинството.
забава Бремените
Автор: bobik
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгле...
Чувство на вина кај новите родители
Родителството често се прикажува како врвно исполнување, како момент н...
Зошто бројката на вагата не е најважна?
Колку повеќе навлегуваме во светот на фитнесот и здравјето, толку пове...
Пелтечењето е пореметување на говорот кое се јавува кај околу 5% од де...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: