vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
4 полициски коли возеле да ја застанат Колин Елмор на автопатот во Портсмаут. Кога конечно ја стигнале, виделе дека на совозачкото седиште млада жена како се породува!
Ќерката Тифани веќе била започната да се породува, па затоа колата толку брзо возела кон болницата. Колин, 52 годишната мајка на 26 годишната Тифани под голем стрес и брзање со сите можни сили се обидувала навреме да ја однесе во болница.
Откако ги застанале, полицијата морала да помогне при породувањето, бидејќи главата на бебето веќе почнала да излегува.
Така малото бебе Лола Миа Рид се родило на автопатот, со тежина од 3,5 кгр.
Младата Тифани, која веќе има 3 деца со нејзиниот сопруг Стивен Рид, изјавила за локалните медиуми дека контракциите започнале порано но таа не ги почувствувала. Доцна во вечерта и пукнал водењакот и морале веднаш да ја однесат во болница. Контракциите се појавувале се почесто и почесто и затоа морале што е можно побрзо да стигнат, кога се појавиле 4 полициски возила зад нив.
Полицијата помогнала при породувањето и со придружба биле однесени во болницата. Бебето и мајката се добри, а од болницата биле пуштени следниот ден.
Таткото изјавил дека оваа случка може да се одигра само на филм, но никогаш не знаеме како животот ќе не изненади!
6
6
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Промена на вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок е природен дел од женското репродуктивно здравје. ...
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...