|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Рингераја дружење–микс на игра, забава и хуманост

Редакција Рингераја, 18.11.2010
24 октомври 2009, игротека “Тиквичка”, многу игра, забава, изразување хуманост, наградување и многу, многу насмевки беа дел од Рингераја дружењето.

/181


Дружењето имаше хуманитарна нота, бидејќи сите кои имаа, можеа, сакаа донесоа стара облека, играчки, опрема, и донираа на претставниците од Црвен крст. На дружењето имаше претставници и од наши сегашни и идни соработници и партнери, новинарски екипи кои го овековечија нашето дружење, како и многу слики кои ги направија самите родители. Имавме дури и мекици од Анушка која сакаше да не почести што и покрај своите 40 години, роди трето дете, преубавата Мила.

Навистина успеавме да направиме едно прекрасно дружење за кое, се надеваме дека набрзо ќе се повтори.

Но, да почнеме со ред. Нашето дружење започна со доделување на Благодарница на Би-МЕК како благодарност што на сите трудници и нивните патрнери им го овозможија “Календарот на бременоста”, преку кој може да се следи развојот на своето дете по недели, од зачнувањето до раѓањето.

Потоа го отворивме дружењето со игрите за родители и првата игра “Плукање на цуцла што подалеку”. Во играта учествуваа четворица татковци, сопругот на нашиот член Цацко, кој воедно ја плукна најдалеку цуцлата , потоа сопругот на Неничка, сопругот на Весна и нашиот драг член Боцко. Сите добија утешни награди, по нешто за своите најмили.

Втората игра беше соблекување на кукла, менување пелена и повторно да се облече куклата, при што и овој пат сопругот на Цацко беше победник. Истата игра ја повторивме, само што овој пат се натпреваруваа Александра и Ива, при што Александра беше побрза и победи во оваа игра.

Во наредната игра “Погодете ја кашичката” учествуваа 4 мамички и сите добија по некоја награда. Нормално, имавме присатни и трудници, па нив никако не смееме да ги заборавиме. За нив ја подготвивме играта “Кој најбрзо ќе ја излупи јаболката во една лента”, и се натпреваруваа две трудници. Иако нашата Весна изгуби, таа пак доби: си го изеде јаболчето (доби витамини) и утешна награда. А во последната игра, “Кој побрзо ќе ја испие водата од шишенце со цуцла” учествуваа Александра и Тања која беше победник.

На ред стигна и Рингераја тортата која беше подарок за нашата хуманитарна акција од “Шарлота” во Маџари и уште еднаш голема благодарност и до нив.

Децата беа облечени во принцези и пирати, а вработените во “Тиквичка” цело време беа покрај нив, дувајќи им балони, цртајќи ги по лицата, анимирајќи ги и забавувајќи ги, за на крај задоволството да доживее максимум, вработените од “Тиквичка” го доведоа и мачорот Том од “Том и Џери”. На детската среќа и немаше крај. А кога децата се среќни родителите уште посреќни, па на нашите лица имаше место само за насмевки и прекрасно поминати моменти.

На сите што беа на дружењето, Рингераја тимот им се заблагодарува што придонесоа оваа акција и ова дружење да биде толку убаво и посебно, а на тие што не беа им порачуваме да ги погледнат сликите и да си ветат дека наредното дружење ќе го направат уште поубаво со нивното доаѓање.

Уште еднаш огромна благодарност до сите наши партнери и соработници (Игротека тиквичка, Би-МЕК, Премаман, Фродо, Бекутан, Форд, Младинска книга, Етерна Дент, Office Plus, Ненико, Шарлота) кои преку соодветни награди го направија дружењето позабавно.

Поздрав до следното дружење.

Рингераја.мк тим

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не цртајте по ѕидови - повелете боенка!
Вашето дете црта по ѕидови? Со фломастерите го обоило намештајот? Имаме решение за Вас!
3
Хуманоста на Рингераја на МТВ
На Утринската програма на Македонска Телевизија преку кратко видео е доловена атмосферата на акцијата од младите за млад...
3
Наградени желби на Рингераја
Дојде моментот да ги објавиме најубавите Новогодишни желби на Рингераја, кои ги исполнија сите правила да добијат наград...
3
Да донираме за херојот Лука!
Потребни сме му на малиот борец Лука за поскоро да продолжи да се радува на животот
3




Анкета

анкета за избор на машко име
barbarela

барбарела

Горјан (82%)

Гоце (18%)


Број на сите гласови: 136

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!