Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Едвај го дочекавме тој ден. И покрај многуте промени, каде, кога, како да се сретнеме одлуката конечно падна. Како се ближеше денот станувавме се понетрпеливи да ја запознаеме Агнес 77. Некои не дојдоа поради различни причини. Ива и Наташа имаа проблем со висока температура кај своите малечки, а на Александра во последен момент и ја променија смената. Но, тоа не не спречи останатите да се најдеме. Први на договореното место беа стигнати Агнес и маж и. Потоа стигнавме Мартина, маж ми, јас и стомакот, кога ете ја и Мами трча од некаде. Татко Кице го чува малото ангелче Лука, кое спие во кола. Друштвото почна да се собира. Дојде и Боцко со сопругата, и главниот господин Стефан и веднаш тука настана една ситуација, кога Мартина му седна во количката на Стефан, а тој страшно се налути. За среќа се брзо и добро се заврши.
Јуле се јави дека покасно ќе пристигне, поради неодложни обврски и вака убавото друштво се упати низ Парк да најде убаво местенце да седне. По препорака на Боцко се сместивме во тениското и навистина не погрешивме, имаше простор да си играат децата, а ние опуштени да си разговараме. Договор падна меѓу Мартина и Стефан да не се пипка неговата колучка и тој реши да стане од неа и да се дружи со Мартина. Додека ние така расприкажани се внесовме во муабетите, стигна и тато Кице со Лука, а за кратко време и Јуле. И не дека ние бевме досадни, но Јуле по кратко време не напушти и отиде да си игра со децата.
И додека Јуле уживаше во дружбата со Мартина и Лука ние донесовме заклучок дека е печена да стане мама, и стискаме палци во најскоро време да биде и првата рингераја свадба, А Јуле да не израдува со рингераја бебенце. Мора да споменеме дека дечињата добија подарок од Агнес, а таа и сопругот се воодушевени од Македонија и нејзините убавини и планираат да доаѓаат почесто тука. Воедно Агнес испрати поздрав до сите членови на форумот и се надева дека наредното дружење кога ќе доаѓа во Македонија ќе не има во поголем број.
Дружењето заврши со поздрав до семејството на Боцко кои за некој ден имаа во план да заминат на одмор (па Боцко чекаме слики), поздрав до мене побрзо да се олеснам – што се случи само по два дена, поздрав до Агнес и сопругот да ни доаѓаат што почесто во Македонија за да се дружиме повеќе. За Јуле веќе кажавме дека и посакуваме што побрзо свадба и едно бебе, а семејството на Мами неуморно замина на роденден да се журка. Е па секоја чест!
Повеќе за тоа како помина дружењето можете да прочитате на форумот.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?