|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Постојат ли мајки кои никогаш не се лутат?!

Редакција Рингераја, 17.1.2014
Лутината не е само неизбежна, туку е и нужна, бидејќи на нејзиното место доаѓа рамнодушноста, која е најлоша од сите човечки карактеристики – народна изрека
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Навистина, постојат ли такви мајки? Мајки кои никогаш, ама баш никогаш не се лутат на своите најблиски? Мајки кои никогаш не повишуваат тон? Мајки кои без поговор само си ги извршуваат сите наредби од децата? Ние не познаваме ниту една таква. А и оние кои се потрудиле да бидат, во некои моменти потклекнале.

Всушност, зошто воопшто е потребно да се биде совршена мајка? Лутината е емоција како и секоја друга.  Во ред, лутината како последица може да има гласна експресија, но не треба долго да трае. Секако, на детето потоа може мирно да му објасните зошто сте биле лути.

Но да бидеме искрени. Дали за нашата лутина секогаш се криви детските лудости? Некако секогаш доаѓа до тоа во тој момент да чувствуваме дисхармонија, а децата само дополнително ќе не налутат со своите постапки (на кои не би реагирале толку бурно, ако не сме нервозни).

Доколку сакаме на децата да им покажеме дека сме совршени родители, каква порака им испраќаме? Дека мораат да бидат совршени? Постои ли тоа? Секако дека не постои!

Освен мајките кои никогаш не се лутат постојат и такви кои ќе ги слушнете како прераскажуваат во паркот: “Ми дојде да го фрлам од прозорец колку ме налути”, или некоја слична конструкција, непримерна на местото, приликата, децата, било што.

Во себе ги носиме сите можни емоции и секако дека детето нема да го фрлиме од прозорец, па заради тоа е нормално кога ќе се налутиме да изговараме фрази преку кои ќе ни помине лутината. Не сме од камен!

Секако, на мајките на новороденчиња, кои не користат термини како “застани, немој, доста, ќе се изгориш, не тепај се, десетти пат ти кажува облечи ги чевлите....”, може да им звучи чудно тоа “фрлање” од прозорец, но кога и нивните деца ќе пораснат ќе сфатат дека тоа се само флоскули, продукт на нашата моментална слабост. Штом лутината ќе помине, на своите најмили повторно  ќе им бидеме најдобри мајки, најдобри родители на светот.

Да нагласиме уште еднаш, никако не смееме да заборавиме да разговараме со децата за причините и последиците од нашите и нивните реакции. Тоа е неизмерно важно.

 

1

 

Зошто се плашиме од лутината? Зошто се срамиме од сопствените емоции? Секако, не треба да викаме и експресивно да покажуваме нервоза во паркот, но да бидеме реални, не треба ни дома. Но ако се случи тоа, ако многу се налутите, подобро отдете 5 минути во купатило и ставете ги нозете во леген со топла вода и дишете длабоко. Или излезете на прошетка, колку да ги растерате мислите. По неколку минути ќе ви биде подобро, ќе видите.

Значи, не треба да се плашите да признаете дека нашите деца понекогаш толку не излудуваат што не знаеме што да правиме ни со нив, ни со себе. Тогаш треба да го искористиме своето право на 5 минутен time out.

Давајќи си себеси право на момент за себе, нив ќе им дадеме прекрасен цел свет. Бидејќи, да бидеме реални, може ли текој долго да држи лутина на оние кои не прават најрадосни, кои не развеселуваат само со своето постоење? А лутината? Ех, таа е нормална, прифатлива, дозволена, проследена со – те сакам и извини.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што кога детето се плаши од фризер?
Викање, плачење и тргање се најчестите “несакани ефекти”, кога родителите ги носат своите деца за потстрижување во фризе...
6
Зошто детето не ме слуша?
Возраста меѓу 4 и 5 години е доста тешка, што се однесува до дисциплината бидејќи децата на оваа возраст се многу своегл...
6
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
6
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
5




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?