vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/181
Мајката на здраво дете има милион желби за здравје, среќа и успех пред Новогодишните празници.
Majката на болното дете има само една, единствена желба - нејзиното дете да оздрави!
Се надеваме дека енергијата која ја пренесовме во овие три месеци со проектот "Прегратка на дар", искрените желби за здравје и топлината на прегратката апсорбирана во играчката направена од срце, ќе помогнат за побрзо закрепнување на болните дечиња.
Играчките изработени во искрената хуманитарна акција го наоѓаат своето место, покрај болното детско срце.
Во Детското одделение на Општа болница "Борка Талески" - Прилеп на 28.12.2011 година, беа подарени околу 60 играчки-прегратки кои ќе им бидат поделени на болните дечиња за време на Новогодишните празници. Исто така, играчки беа подарени и на сите деца кои во овој момент се наоѓаат во болница.
Членовите на Рингераја.мк и претставникот на Healthaid беа срдечно пречекани од директорот на болницата Др.Илија Богатиноски, началникот на Детското одделение Др. Менче Настоска Кадинец, главната сестра и целиот персонал на детско одделение. Голема благодарност до сите нив!
Среќни празници драги дечиња и што поскоро да се вратите во своите домови, градинки, покрај своите родители и другарчиња!
Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Секс во плодниот прозорец - практичен водич
Ако се обидувате да забремените, времето на сексуалните односи може да...
Кои се здравствените придобивки од сексот?
Сексуалната интимност е дел од здравјето и благосостојбата на многу во...
Подготовка за породување - физички и ментални чекори
Породувањето е голем животен настан и сосема е нормално пред него да ч...
Што значат пореметувањата на спермата?
Кога се зборува за машката плодност, често се користи изразот „поремет...
Како овошјето и зеленчукот го зајакнуваат имунитетот?
Овошјето и зеленчукот се меѓу најважните намирници за разновидна и бал...