|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Одгледајте оптимистично дете

Редакција Рингераја, 28.3.2012
Оптимизмот и позитивниот став кон животот се особини кои ни помагаат да се соочиме со тешки ситуации. Луѓето полни со оптимизам полесно ги совладуваат препреките и проблемите и повеќе се радуваат на малите нешта кои живот значат

image
/11


 

Позитивниот став не доаѓа сам од себе. Потребно е да го вградите во детскиот став за животот и тоа од најмала возраст. Оптимистичното дете ќе се радува на својот и успехот на другите и со поголемо трпение ќе ги прифати своите обврски, а со помалку разочарување своите порази и неуспеси. Најдобар начин да одгледате оптимистично дете се пофалбите и поддршката.


Научете го детето да се фокусира на успех. Така повеќе ќе се цени себеси. дајте му едноставни задачи и пофалете го кога ќе ги изврши. Дури и најмалите деца можат да извршат едноставна задача (пр. на Ви ја донесат книгата, да ги стават играчките во кутија...)


Родителите исто така треба да се фокусираат  на квалитетите на детето и да ги пофалат секогаш кога ќе им се даде можност. Пример:”Гледај колку убаво си ги наредил коцките, ти си многу паметно момче. Дури си ги наредил и по бои. Браво!”. Ако детето кое оди на училиште учело напорно за тестот, пофалете ја неговата работа без оглед на тоа дали ќе добие добра оценка. Тоа ќе биде одличен поттик за сите успешни задачи во иднина.


Пофалбата ќе го разбуди оптимизмот кај детето, но не давајте пофалби без причина. Ако детето во нешто не постигнува успех, пофалбата ќе биде контрапродуктивна. Овде е потребна поддршка и охрабрување. Охрабрете го детето да се обидува додека не успее, а можете и малку да му помогнете.


Секако тоа не значи дека дете кое не е музикално треба да го охрабрувате да пее во хор, но ако учи да фаќа топка, потребни му се неколку обиди за да успее. Така ќе научи да прифаќа предизвици.


Ако детето се соочи со неуспех, не се фокусирајте само на тоа. Помогнете му да се сети на своите успеси и разговарајте за пречките кои ги совладало. Ако заедно откривате нови предизвици и можности, Вие сте на вистинскиот пат да изградите позитивен став спрема животот кај своето дете. На пример:”Научи да пливаш сјајно, бевме горди на тебе кога го преплива базенот. Сега кога тоа го владееш, можеш да пливаш и да нуркаш, па и да го препливаш базенот два пати!”


Ако сте и Вие оптимисти, голема е веројатноста и Вашите деца да бидат оптимисти. Децата скоро во целост ги преземаат ставовите на родителите за животот. За да го поттикнете оптимизмот кај детето поттикнете ја креативноста. Ако врне дожд, помогнете му на детето да осмисли игри и активности во домот. Можете да му предложите некои креативни активности, како што е правење на фигури од пластелин, глина или некој друг материјал. Ако се работи за постаро дете, помогнете му да ја спознае позитивната страна  на лошото време во неделното попладне:”Не е толку лошо што врне дожд. Конечно можеш да ја прочиташ сликовницата која ја купивме, а јас ќе направам вкусни колачи. Колку прекрасен ден!”


Многу е едноставно: децата учат од нас. Ние сме им пример. Бидете оптимист за да биде и Вашето дете оптимист.

 

Животот е убав и покрај се', нели?

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?