|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Надареност кај децата

Редакција Рингераја, 4.4.2012
Надареноста можеме да ја дефинираме како склоп на особини и способности кои му помагаат на детето во едно или повеќе подрачја да постигнува натпросечни резултати

image
/11


 

 

Децата во денешно време се изложени на бројни извори на информации од својата околина.  Детските градинки, игротеки, околината во домот, телевизорот, компјутерот и другите медиуми му овозможуваат на детето побрзо и полесно да освојува нови знаења и вештини, па затоа се повеќе има надарени деца.

На надарените деца им е потребно дополнително внимание од родителите, воспитувачите и стручњаците кои ќе ја развиваат и насочуваат детската надареност во оној правец во кој се движат детските интереси и желби.

За тоа да биде можно надареноста кај децата треба навреме да се забележи.

 

Како да препознаете мал генијалец?

За да можеме да препознаеме дали одредена способност или однесување е знак за надареност, мораме да се запознаеме со развојните карактеристики на одредена возраст. Кога ќе знаеме кои вештини, знаења и спсобности треба да ги има детето на одредена возраст, ќе знаеме дали отстапува од тој просек. Знаци кои можат да ни укажат на присство на надареност најлесно можат да се забележат во однесувањето на детето.

Детето покажува исклучителна радозналост, лесно ги изразува своите мисли и желби, има богат речник, добро помнење, разбирање, рано почнува да чита. Надареното дете поставува смислени прашања, дава опсежни одговори, брзо усвојува нови и необични поими, го применува стекнатото знаење бо новите ситуации. Понатаму, надарените деца се исклучително мотивирани за работа, насочени кон својата цел, а проблемите ги поттикнуваат уште поистрајно да работат. Нивните решенија се креативни, оригинални, а прашањата и одговорите невообичаени. Овие деца често самостојно создаваат правила и имаат нови необични решенија за проблемите, што ја покажува нивната креативност.

 

Што да правите?

Надареноста на детето кај родителите предизвикува чувство на среќа и гордост, но не треба да се заборави дека тоа носи и поголема одговорност. Посебните способности на детето треба да се препознаат, поттикнуваат, потребно е на детето да му се обезбедат услови за развој на вештините и детето да се насочи на вистински пат по кој  ќе ја надогради својата надареност.


Еве неколку примери кои ќе Ви олеснат:

- бидејќи децата често имаат потреба да бидат независни во учењето, треба да им се овозможи околина богата со поттици и предизвици и проширена програма по која ќе работат.

- на детето треба да му се овозможи да учи за она што го интересира и тоа на начин на кој најмногу му одговара.

- за надареното дете треба да се организираат посложени активности који подразбираат и апстрактно мислење.

- во работата со надарените деца треба да се користи што поразновиден материјал.

- треба да му се овозможи индувидуален развој, но не треба во потполност да се издвои од друштвото на врсниците. Одвојувањето често води до чувство на изолираност.

 

Начинот на кој ќе ги поминувате активностите со својот генијалец е исто така многу важен.

Затоа обидете се да:

- бидете флексибилни во работата

- не очекувајте детето во се' да биде посебно надарено

- не го омаловажувајте детето кога нема да успее во нешто.

 

Без оглед на тоа дали кај своето дете сте ги забележале споменатите карактеристики, секоја негова желба за знаење и освојување на нови вештини поттикнете ја и негувајте го неговиот истражувачки дух кон околината, бидејќи на крајот сите тие се наши мали генијалци, зар не?

 


bimilk629

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?