|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мојот живот- пред и по доаѓањето на син ми

Слаѓана Арсоска, Pepelaska RR, 26.10.2012
Дневникот на Pepelaska RR

image
/11


 

 

Двете цртички на тестот беа сосема непланирани, дојдоа од нигде никаде што би се рекло. Не бев свесна што ми се случува и што ќе ми се случи допрва.
Наеднаш она што никогаш не ми било интересно, стана мое секојдневие и моја окупација. Бремени жени, мајки со деца. Се сеќавам кога мојата другарка и сосетка со која пораснавме заедно и делевме се' дојде на гости со нејзиното синче и седна да го дои кај мене. Моето бебе тогаш беше во мешето. Помнам дека и реков“ Колку убава и топла слика сте“. Само се насмевна, сега се сеќавам дека беше премногу бледа и имаше огромни подочници. Тогаш тоа не го забележав. Го забележував само задоволното бебе, мислев дека толку е лесно, изгледаше како на филм.
 
Си замислував како се дотерувам пред огледало, како си ги облекувам омилените алишта за да одиме на прошетка, а моето мило ме чека во релаксатор и мирно си седи. Си мислев како секој ден имам налакирани нокти, нашминкани очи и време за кафе и убав оброк кој по можност би се јадел на маса.
Многу работи си замислував, како додека нашето бебе мирно си спие се галиме и разговараме со неговиот татко. Дури и планирав да завршам постдипломски студии додека сум на породилно.
 
Плановите прекинаа една сончева недела кога  на едно прекрасно летно зајдисонце, мене ме огреа најголемото сонце, најубавиот плач кој некогаш го слушнав.
Моите фантазии си продолжија и неколкуте дена поминати во болница, а најголемата од нив беше дека огромниот стомак за неколку дена ќе биде минато. Никој не ми кажа дека секогаш ќе има барем мало споменче од бременоста кое секогаш ќе виси ако некогаш пак ги облечам моите тесни кошули и блузи кои си ги обожавав.
 
 
Со доаѓањето на бебето, за неколку дена сфатив  дека нема да имам време да отидам до тоалет, ниту пак да измијам заби, а камоли да се туширам барем половина час со омилените купки па уште половина час да поминам во мачкање со млекото за релаксирање, кое си го купив пред да се роди бебето. Да напоменам, имам уште од него.  
Времето минуваше , подочниците растеа, помнам една другарка дури и ми кажа дека имам некои недефинирани жолти и чудни кругови околу очите.Не знаев ни дека јас која не можев да поднесам игли и болници ќе одам секој месец на вакцини и дека секое боцкање во рачето или ножето на моето дете пак ќе ја вртам главата но ќе посакувам таа игла да ми ја стават мене само тоа да не трпи болка.
 
Накачените килограми си стоеја скоро една година.
Моите излегувања беа месечните контроли кај педијатарот.
Беше маглива зима, а магла, студ и бебе не одат заедно.
По околу десетина месеци работите се вратија во нормала малку по малку, барем се облекував како човек за прошетките, додека син ми ме чекаше во количка.
Но после дојде времето за проодување. Тој период нема да го заборавам лесно. Сеуште имам болки во половината. Ме мачеше цели 5 месеци. Да, не ни одеше баш најлесно. Е тогаш многу килограми снема.
После тоа стана малку полесно.
Сега се облекуваме заедно, миеме заби заедно, јадеме заедно.
Сега се разбираме како со возрасен човек. Иако има уште многу работи да научиме, мислам дека најтешкото помина.
Не дека годините кои доаѓаат се лесни, туку она кое јас не го знаев, не бев свесна што значи да си мајка, сега си го научив и добро знам дека првите две години од животот на детето се најнапорни. Зошто тогаш се запознаваме, детето не запознава нас, а ние и него а и себеси. Тогаш сфаќаме колку сме храбри и истрајни.
 
Кога би се вратило времето назад, не би менувала ништо.
Никој и ништо не може да ми ги подари тие моменти на љубов, нежност.
Никој нема да ме убеди дека е подобро детето да не е приврзано за мене, иако ми се качува на глава кога ќе се закачи за мене, а кога не ме бара, замислете љубоморна сум.
 
Еден ден нашите деца ќе пораснат и нивниот приоритет нема да биде нивната омилена “мама“, затоа дозволете си барем две години задоволство кое никој не може да ви го пружи освен секако, еден тон сменети пелени, куќа расфрлана со милион играчки, безброј плачки и непреспани ноќи и мирис на свежо искапено бебе чиј мирис на бебешки шампон и млеко ви ја исполнува целата куќа и душа.

Ваша Pepelaska RR

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
5
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Фото: Најдобрите татковци на сите времиња
Прекрасните татковци можеби се ретки, но навистина постојат! Сакате доказ? Во прилог се 20 фотографии од најдобрите татк...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?