Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Беше сабота, времето топло и сончево и како и секој ден планирав да станам сабајле и да пропешачам, меѓутоа само што станав забележав дека ми е пукнат водењакот, иако на почеток не сакав да верувам. Бев во 38 гестациска недела и воопшто не очекував дека баш мене ке ми пукне водењакот.
Му се јавив на сопругот кој беше на работа, кој нормално се возбуди и веднаш дојде, а јас бев навистина смирена и релаксирана иако не знаев што ме очекува бидејќи ми беше прво породување, буквално се чувствував како да не одам да се породувам. Веднаш отидовме во болница, докторот кој ме прими беше фантастичен, исто така и докторот кој ме породуваше и целата екипа од Ре Медика, благодарение на која се течеше како што треба. После 10-11 часа се породив природно. Конечно ни пристигна нашиот ангел кој веке има 3 месеци и кој ни го прави секој нов ден поубав и поисполнет. На крај можам само да дадам совет на сите идни мајки воопшто да не се оптоваруваат со породилните болки и да не си создаваат непотребни табу-а бидејки тоа е навистина Божја работа и воопшто не е страшно, болките се краткотрајни и издржливи и како што викаат нашите мајки, за кратко време се забораваат.
4
3
3