|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мајка роди четворка по неколку спонтани абортуси

Редакција Рингераја, 15.5.2020
Линдзи Хеј стана вирален хит откако објави колаж од фотографии од третиот триместар од бременоста со четворка и по раѓањето на четирите бебенца
Клучни зборови:

image
/11


„Ги носев овие слатки бебиња 30 недели и 4 дена внатре, а десно се фотографирани по 30 недели и 4 дена надвор. Потценување е да се каже полни раце, полно срце. Тие ги надминаа сите мои соништа во текот на бременоста и иако времето минува брзо, знам дека најдоброто допрва доаѓа. Зад тие бебиња има нови стрии, витки и вишок кожа, но и нови силни страни кои ви немав порано. БЛАГОСЛОВЕНА СУМ и нема да си дозволам себеси да го земам мојот живот здраво за готово“ – напиша таа во описот.

Хеј редовно објавува фотографии преку кои ја раскажува својата приказна, но и ги охрабрува паровите кои се соочуваат со неплодност и со спонтан абортус да не се откажуваат од обидите да имаат дете.

 

1

 

2

 

3

 

4

 

5

 

Таа имала неколку спонтани абортуси пред да забремени со четворка со медицинска интервенција (инјекција со хормон кој ги стимулира фоликулите).

Иако нејзината среќа била огромна, докторите не биле толку големи ентузијасти и ? препорачале да задржи само дел од бебињата за да им даде најдобра шанса да преживеат.

„Беше многу тивко во собата за ултразвук. Јас сум висока 157 см и тогаш тежев 52 кг. Ми рекоа дека моето тело нема да биде способно да го издржи тоа. Беа категорични дека тоа е небезбедно“ – објаснува таа.

„Симан беше бел како дух. Јас не можев да престанам да се смеам. Не ми се веруваше. Немаше шанси. Докторите беа изненадени, но ми рекоа да не се грижам. Ми рекоа дека можам да одам на селектирана редукција, која се применува за бебињата да можат правилно да се развиваат. Притисокот за редукција траеше неколку дена, но кога за првпат ги слушнавме сите четири срца, јасно одлучивме дека не сакаме повеќе да зборуваме за редукција. Сопругот ме погледна и ми рече: ‘Па, претпоставувам дека ќе имаме 4 бебиња’ и двајцата се насмеавме за првпат по неколку дена“ додала Линдзи.

 

7

 

8

 

9

 

10

 

11

 

За виралната објава, таа вели дека воопшто не очекувала да стане хит и дека кога ја правела фотографијата од бременоста едвај стоела.

„Се сеќавам дека ми беше многу неудобно и дека речиси беше невозможно да стојам, но бев многу радосна што стигнав толку далеку со бременоста. Бев подготвена да се сретнам со нив. Кога сега ја гледам фотографијата, помислувам: ‘Дали моето мало тело го направи тоа?’“ – рекла Хеј, која открива дека животот со четворка не е толку тежок колку што се прикажува.

12

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4
Влезе во историја: забремени додека беше б...
Ако мислите дека е безбедно да имате незаштитен секс, бидејќи веќе сте бремена, хмм, оваа приказна може да ве предомисли
4
Мојата приказна
Анастазија Терзијева ја раскажува својата приказна за практикување на јогата во бременоста, за подарокот кој си го подар...
3
Папочна врвца околу вратот на бебето? Прич...
Во бременоста, бебето се движи во матката што може да доведе до виткање на папочната врвца околу вратот. Оваа компликаци...
3




Анкета

Najubavo zensko ime
seli

Najubavo zensko ime

Larisa (33%)

Luana (16%)

Elina (14%)

Ajlin (37%)


Број на сите гласови: 51

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!