|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Комуникација полна со љубов

Редакција Рингераја, 29.2.2012
Добрата комуникација е столб на успехот на секое семејство

image
/11


 

 

Иако поминуваме години и години образувајќи се и стекнувајќи знаење, ние всушност учиме многу малку вештини  кои се од пресудно значење за семејниот, односно брачниот живот и воспитувањето на децата. Комуникацијата е нешто за што не размислуваме премногу. А всушност, добрата комуникација е столб на секое успешно семејство и воопшто, на секој успешен колектив.



Ненасилната комуникација се состои од две многу едноставни компоненти:


1.    Способност да го сослушаме соговорникот со сочувство
2.    Искрено изразување на нашите мисли и емоции, без директен напад на соговорникот.



Научете да слушате


Еден од основните предуслови за добра комуникација е способноста да го сослушаме соговорникот и да му дадеме до знаење дека сме го разбрале реченото. Тоа посебно доаѓа до израз во тек на расправа или конфликт.
Многу е важно да сослушате, без упаѓање во збор, што има другата страна да каже бидејќи многу конфликти, пред се, настануваат заради неспоразум во комуникацијата, заради тоа што не ја “слушаме” другата страна.



“Нападни го проблемот, не противникот”


Едно од основните правила на добрата комуникација гласи: Нападни го проблемот, не противникот. Меѓутоа, во вистинскиот живот тоа често не е така. Се чини дека ни' е многу полесно некого да навредиме, да се извлечеме и да разговараме за случките од минатото, многу повеќе отколку за проблемот кој не' тишти. Личноста на која и се упатуваат такви “изливи на нежност” тоа ќе го протолкува како напад, па ќе врати со контранапад...и така во круг.
Во релацијата родител – дете, таквите вербални напади и етикетирања можат да имаат далекусежни последици по личноста на детето и негативно да влијаат на неговата самодоверба и односот кој детето го има кон себе и својата околина.


Значи, доколку Ви пречи нешто што прави детето, обидете се да му кажете дека Ви пречи постапката. Истото важи и за брачните партнери, како и за сите останати конфликти.


За решавање на конфликтите многу се корисни ЈАС пораките. Наместо да започнете разговор со обвинувачки тон и со реченицата ТИ, на пример: “Толку си неуреден/на, веднаш да ги го исчистил/а тоа, ќе те претепам”, обидете се со “Ми пречи тоа што секогаш правиш неред во својата соба, изморен/а сум и немам сила да чистам”.
Освен тоа, во расправата со децата имајте на ум дека односот – сила е нерамноправен, бидејќи ние сме возрасни личности, па со самото тоа сме вербално и физички по супериорни во однос на децата. Заради тоа, комуникацијата низ која на децата им нудите љубов, разбирање, сочувство и прифаќање...е од пресудно значење за успешен однос, дури и кога сте лути.


Наместо вербален напад, фокусирајте се на Вашите чувства, на едноставно објаснување што е проблемот/причината за Вашата лутина и што предлагате како решение.


Најголема корист од ненасилна комуникација имаат сите членови на семејството, најмногу децата. Наградата за добра комуникација е односот полн со љубов и разбирање со децата и брачниот партнер. Бидејќи сите ние, во својство на родители, сме дел од партнерството кое ги вклучува и децата, кои имаат сопствени потреби, мисли и чувства и претставуваат личности од денот кога ќе се родат.

 


Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бајка за топлите снегулки - II
Ситуацијата станувала се посериозна. Лошата вештерка, која сето ова го посматрала, не сакала луѓето да умираат (бидејќи ...
3
Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?