Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Екипа стручњаци од медицинскиот факултет во Вашингтон развиле техника која може да дијагностицира намален имунитет и тоа на примерок на крв од папочната врвца. Откриле дека бебето, чија крв ја тестирале, почесто ќе страда од респираторни инфекции во првата година од животот. “Вирусните инфекции се почести во детството” - рекол главниот автор на студијата, Др. Кахару Сумино и додал – “Во главно се работи за по благи инфекции, но постои широк дијапазон на одговор на организмот – од нормален симптом на настинка, до тешки воспаленија на белите дробови. Сакавме да дознаеме дали нашиот вроден имунолошки систем, кој реагира на вирусите со кои се сретнуваме при раѓање, има било какво влијание врз ризикот од добивање на респираторни инфекции во тек на првата година од животот”.
Тимот користел примероци од крв од папочната врвца на 82 бебиња за мерење на одговорот на вирусните инфекции, познат како интерферон гама протеин (IFN – gama).
Истражувачите изолирале еден вид на бели крвни клетки и ги довеле во контакт со вирус, кој обично предизвикува респираторни инфекции. Потоа ја мереле количината на интерферон гама протеинот како одговор на борба против вирусот.
Родителите на децата чија крв произвела голема количина на интерферон гама протеин имале незначителен број на настинки во тек на првата година. Во исто време, бебињата чија крв произвела ниско ниво на антитела имале почести настинки, кои преминувале во воспаленија на увото и синусите, како и воспаление на белите дробови.
Ова најново истражување ќе помогне во напорите за изнаоѓање начини за зајакнување на имунитетот во борбата против големиот број на вируси.
Др. Сумино изјави – Пред нас е долг пат. Мерењето на нивото на интерферон гама протеин е многу сложено. Во иднина ако усееме да развиеме релативно лесен начин на откривање на недостатоци во тој систем, тогаш ќе бидеме во можност да најдеме и лек кој ќе го поттикне вродениот имунитет.
Извор: Journal of Allergy and Clinical Immunology
4
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Најчестите причини поради кои бременоста доцни
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да ...
Емоционалниот товар на неплодноста
Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално...
Пливањето и менталното здравје. Ослободување од стресот
Пливањето не е само физичка активност, туку и еден од најдобрите приро...
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.