|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Излезе од печат Дневник на трудници

Редакција Рингераја, 1.2.2021
Неодамна на нашиот пазар излезе првиот "Дневник за трудници", нешто што секоја трудница задолжително мора да го има, бидејќи бременоста е период каде ни еден момент не заслужува да биде заборавен!

image
/11


Бременоста e еден од најубавите периоди во животот на една жена.

Покрај физичките промени кои настануваат, секоја седмица и секој месец носи толку многу уникатни мисли, чувства, емоции кои жената ги доживува и кои е невозможно да ги задржи за себе.

Затоа, многу жени избираат да водат дневник во текот на целата бременост, што е одличен начин да се води една евиденција на сите искуства низ кои трудницата минува и сите надежи и соништа кои ги има за иднината на своето неродено дете.

Неодамна на нашиот пазар излезе првиот "Дневник за трудници", нешто што секоја трудница задолжително мора да го има, бидејќи бременоста е период каде ни еден момент не заслужува да биде заборавен!



Како настана идејата?

Идејата за “Дневник за Трудници” се јави уште одамна, а реализацијата следува неколку години подоцна кога две мајки решаваат максимално да го искористат корона карантинот и да создадат временска машина за секоја една трудница, навраќајки се на спомените од својата бременост додека создаваат лист по лист од дневникот со многу љубов.

Во денешно време кога се имаме во апликација, сакавме да направиме нешто што ќе остане и кое понатаму ќе се препрочитува, каде се ќе биде на едно место и ќе може да се чита и заедно со детето кога ќе порасне.

Колку и да сакаме да запаметиме се- едноставно е невозможно, со дневникот за трудници го добивме баш тоа што ни беше замислено - спомени кои траат.

Секоја трудница поминува 9 неверојатни месеци во еден сосема нов свет, каде целосно се менува нејзиното тело, емоции, доживувања и едноставно е невозможно да запаметиме се колку и да сакаме, секоја трудница го прави својот дневник уникатен, посебен и преполн со емоции.

Целосно свесни колку недостигаше еден ваков дневник на почетокот на нашите бремености  и со огромно жалење што дел од работите поминале во заборав, создадовме совршен подарок за секоја идна мајка.


Што содржи дневникот?

Во дневникот се опфатени сите моменти од најубавиот период на идната мајка. Оставивме доволно простор секоја трудница да ја раскаже својата бременост. Низ страниците има простор за фотографии, простор за да раскажете со кои промени се соочувате, на кого прво кажавте, избор на име, омилени нешта во бременоста, да раскажете за Вашите патувања или доживувања, детално да објасните како се почувствувавте кога прв пат го забележавте движењето на бебето во Вашата утроба. Сетоа тоа бара малку време (додека го пишувате) но нуди огромно задоволство кога ќе ги читате страниците за некоја година. Секоја страна е своја приказна и Ве мотивира да пишувате и да раскажувате низ што се поминувате, секоја недела, секој месец, секое тримесечие. 


Кaко на сред корона успеавте да го издадете дневникот и во толку голем тираж?

Како родители нашата идеја ја споделивме со компании со чии производи сме ја поминале ние нашата бременост и нашите деца ги користеле нивните производи и исконтактиравме со нив споделувајќи ја идејата за дневникот, благодарение на истите тие нашата идеја стигна до реализација.

 

Каде може да се набави дневникот за трудници?

Дневникот за Трудници може да го набавите преку инстаграм и фб профилот на @trudnici.mk,  во сите аптеки на Еурофарм низ нашата држава, продажните салони на Андреј Компани, Мала пажња и во Пикок Охрид. 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

penelopa: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
5
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Недостаток на Витамин Д во бременост
За време на бременоста, сериозниот недостаток на Витаминот Д може да биде причина за појава на конгенитален рахитис, фр...
3
Како расте бебето во утробата на мајката?
Животот е навистина прекрасен! Што прават неродените бебиња во матката? Всушност, развојот на човечкиот живот во матката...
3




Анкета

/
Jana9

Dali ste zadovolni od dusekot na Dormeo?

Da (80%)

Ne (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!