|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Хуманизација на воспитниот стил на родителите

Редакција Рингераја, 7.12.2011
Современиот и совесен родител треба да знае дека грешките околу воспитувањето на детето, како и грешките во неговата комуникација со детето, посебно во денешното време на пороци, можат да бидат фатални во однос на насочувањето на развојот на детето.

image
/11


 

 

Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.

 ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ

 

 

Принципот на усогласеност подразбира еднаков пристап на истите или слични детски постапки. Неусогласеноста на родителските постапки може да биде далеку поштетна од било кое усогласено воспитување како стил на родителите. Имено, тоа може да доведе до следните негативни последици во детскиот развој:

-   неизградени етички критериуми, т.е. неспособност за селекција на добро од лошо и сл.

-   недостаток на самостојност во решавање на сопствениот животен проблем

-   барање “ линија на помал отпор” – потреба за континуирана заштита од други личности.

-   немоќност за градење стабилна врска со други личности, што би можело да се проектира и во љубовниот живот

 

Принципот на свесност подразбира тенденција на разумно користење на воспитни постапки на родителите, како и тенденција на воздржување од импулсивност во однесувањето. Тоа не значи дека родителите не треба да ги занемарат емоциите кон своето дете. Спротивно на тоа, не треба да се апстинира од емоции. Но и континуирана пренагласеност на емоциите со детето претставува извесно нарушување на комуникацијата родител-дете. На пример, штетен би бил стравот на родителите кој предизвикува неприфаќање на постапките и контрола на детето, а тоа кај детето доведува до хендикеп и страв од нови креативни чекори. Штетна е и пренагласената љубов која го спречува осамостојувањето на детето или неговото расположение во моментот на емотивна положба. Свесноста претставува размислување и преиспитување на сопствените постапки и нивно усовршување.

Принципот на доследност подразбира прилагодување на личните постапки со постапките кои се бараат од детето. Родителите треба да претставуваат пример за она што го бараат од детето. Доколку тие едно зборуваат, друго работат, а трето бараат од детето, никогаш нема да постигнат позитивен воспитен ефект. Но спротивно, таквите родители ќе го изгубат авторитетот и ќе добијат стравопочит. Во овој случај кај детето се јавува дилема во изградба на критериумот за естетски и етички норми на однесување. Недоследниот родител не е во состојба да го користи најмоќното средство во воспитувањето на детето - примерот на родителите. Многу значаен принцип во воспитувањето на децата е принципот на умереност. Може да се каже дека овој принцип е поврзан со принципот на свесност при што родителите мора да бидат свесни на границата за однесување со своето дете.

Принципот на позитивна прогресија произлегува од развојните карактеристики на детето, кои се се' посложени, во новата развојна фаза. Затоа родителот треба да го проширува дијапазонот на воспитните постапки во позитивна насока, надоврзувајќи го на резултатите постигнати во претходната фаза на детето. На пример, постепено треба да се применуваат пофалби, спречување, поддршка, храбрење, потоа да се воведе награда, подоцна советување, проширување на разговорот и слично.

За доследна примена на принципот на прилагодување на детската возраст, родителот треба да поседува извесни основни педагошко-психолошки знаења, за развојот и индивидуалните особини на своето дете. Ако на пример не ја познава фазата на егоцентризмот, кога детето се запознава само себе си во однос на околината, родителот често греши и станува претерано попустлив, или пак претерано строг. Во оваа фаза на “водење на инает”, најважно е родителот да биде трпелив со детето и да му даде што повеќе љубов, со цел детето, како никогаш дотогаш да се почувствува сигурно.  

Според истражувањата  направени во Германија и во САД, како причина за појавата на инаетот во периодот помеѓу втората и третата година од развојот на детскиот живот, можат да бидата следниве постапки на родителите: - мешање во играта на детето, - промена на редот на кој се навикнало дтето, - пореметување на детскиот план, -насилно одземање на предметите со кои си игра детето.

Важен принцип кој треба да се почитува во семејното воспитување е принципот на научност. Овој принцип претпоставува научна основа:

- воспитните постапки на родителите (воспитни постапки кои се научно потврдени како ефикасни за позитивниот развој на децата и каква треба да биде нивната примена и слично) ;

- сознанијата кои родителите ги имаат за развојните карактеристики на децата во поединечните фази од нивниот развој;

- сознанијата кои родителите ги имаат за индивидуалните развојни карактеристики на своето дете.

Современиот и совесен родител треба да знае дека грешките околу воспитувањето на детето, како и грешките во неговата комуникација со детето, посебно во денешното време на пороци, можат да бидат фатални во однос на насочувањето на развојот на детето. Заради тоа треба и мора да се има отворена комуникација со детето, треба да се развива меѓусебната доверба и почитување, но со извесно познавање на начинот за нивно ефикасно постигнување. Заради сето тоа, принципот на научност е тесно поврзан и е во корелација со принципот на свесност и совесност, доследност и одговорност. Овој принцип бара од родителите способност да се  биде добар слушател, кој постојано ќе ги следи детските реакции. Детето во здравото семејство, се третира како субјект кој има право да носи одлуки и да дава сопствено мислење. Тоа од родителите бара способност и познавање на карактерот на детето. Родителот мора да води сметка за интересот на детето кога тоа се вклучува во донесувањето на одлуки, но тоа да биде во оние семејни рамки, во кои таа одлука може да се користи.

Принципот на интеракција се темели на интеракција како процес во кој единката учествува менувајќи ја околината и себе си. Имено, семејната динамика е развоен процес во кој покрај детето се менува и обогатува и самиот родител. Оттука неминовно се наметнува заклучокот дека односот родител-дете не е обична комуникација, туку интеракција од која има корист и родителот. Со секоја сопствена постапка тој се осознава самиот себе, својата можност како родител. Во врска со тоа Нила Капор-Стануловиќ вели: “Развојот во основа преставува поинаква серија на интеракција помеѓу родител и дете. Се работи за комплексно реципрочно прилагодување кое непрекинато се одвива помеѓу детето и родителите. Детскиот развој бара соодветна реадаптација на родителските ставови и однесувања на секој стадиум на однесување. Тоа неминовно се иницира  во развојните промени на личностите од родителите.”

Принципот на индивидуализација доаѓа од третманот на детето како посебна индивидуа со својот интегритет и потреби. Имено овој принцип во семејството е една од карактеристиките кои семејната заедница ја прават посебна во поглед на воспитното влијание врз детето. Самиот податок дека детето се раѓа во семејство беспомошно и зависно од родителите се наметнува потребата за индивидуален третман. Детето сите стадиуми на својот развој ги поминува во семејството каде неминовно доаѓа до израз взаемното прилагодување. Родителите ги хранат, пресоблекуваат деца, им помагаат да се осамостојат и сл., што им овозможува да го спознаат светот околу нив и да изградат одреден однос кон него.

Принципот на демократичност произлегува од толкувањето на основните предходни принципи. Имено демократичноста го истакнува почитувањето на детската личност како индивидуа со сите свои потреби и желби.

Еднакво важен принцип во воспитниот родителски однос кон децата е и принципот на организираност и вистинитост кон децата. Овој принцип произлегува од детската интензивна љубопитност во предшколската возраст која иницира безброј прашања упатени кон родителите. Имено, родителите не смеат да му дадат на детето лажна претстава за светот кој го опкружува. Тие треба да делуваат во сл. правци:  да одговараат на детските прашања вистинито, да не го штитат детето од евентуални неуспеси, да не му даваат на детето лажна претстава за успех и идеална слика за светот.

Принципот на посветеност се однесува на потполно физичко, ментално и емоционално ангажирање на родителите за време на заедничкото дружење со своето дете.  Во времето кое родителот го поминува со своето дете мора да е “присутен” и во тек со неговите потреби и активности, за да може благовремено да одговори со воспитна постапка доколку има потреба. Принципот на посветеност во односот родител-дете допринесува за блискоста и квалитетот во комуникацијата со детето, од една страна, и го насочува организирањето на понатамошното  педагошко влијание, од друга страна.

 

Педагошка едукација и педагошка култура на родителите 

 

Ефикасното спроведување на споменатите принципи не може да се очекува без педагошка едукација и педагошка култура на родителите заради почитувањето на детето во семејството и заради циркуларна интерактивна комуникација во него. Некои испитувања покажуваат дека педагошката едукација  е поголемиот и позначаен фактор за влијанието на воспитниот стил на родителот од професионалната едукација. Заради тоа, младиот човек треба да добие специфична припрема пред стапување во брак и формирање семејство. Се смета дека благовремена и програмски ориентирана интервенција на тоа поле може да влијае врз ликот, карактерот и ставовите на идните родители.

Во интерес на правилниот педагошки однос кон децата, педагошката едукација не треба да се разбере само како стекнување знаење од областа за воспитување и развој на детето. Токму поради тоа, подготовката за брак и  семејство треба да започне уште во раната младост по соодветни начини и содржини низ кои младите луѓе ќе ги усвојат принципите за хуманизација на својот воспитен стил во однос на децата и семејството.

Заради тоа е особено важно воведување на некои специфични предмети во воспитно-образовните планови и програми на воспитно-образовните институции уште во пониските степени на образование. Исто така, важно е воведувањето на децата во вештините за демократско и хумано комуницирање, како и градењето на нивната самодоверба и позитивна слика за сопствената личност уште во нивната претшколска возраст.

 

Заклучок 

 

Родителството е силен сегмент во воспитувањето на детето во семејството. Со оглед на фактот дека хуманиот третман на детето со кој тоа ќе добие статус на субјект во семејството еден од значајните сегменти во односот родител-дете е важноста да родителите бидат насочени кон примената на принципот на хуманизација на своите постапки кон детето. Примената на принципот во родителската пракса треба да биде заснована на хуманистичкиот воспитен модел.

Со оглед на улогата на родителството во развојот на детето посебно значајни се педагошката едукација и педагошката култура на родителите, како единствен ран процес на усвојувањето на знаењето, вредностите и ставовите во педагошка смисла, со помош на кои, покрај знаењето треба да ги стекнат и основните навики на однесување.

 



Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?