vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Тоа беше одамна. На земјата настана голема суша: потоците, реките и бунарите пресушија, цвеќињата, тревата и дрвата се исушија. Од жед умираа луѓето и животните.
Една темна ноќ, едно девојче со стомна во рака излезе од куќа на куќа да бара вода за болната мајка. Така уморно, легна на тревата и заспа. Кога се разбуди и посегна по стомната не можеше да им верува на своите очи. Стомната беше полна со свежа и чиста вода. Девојчето се израдува и посака да се напие, но се сети дека можеби за мајка му нема да остане доволно, па истрча со водата дома. Така трчаше што не го забележа малото куче пред своите нозе. Се засопна и ја испушти стомната од раце.
Кучето тажно зацивка. Девојчето ја подаде раката кон стомната, мислеше дека водата се истури. Но, не! Стомната стоеше на земја и од неа не капна ниту една капка. Тогаш девојчето налеа вода во раката, а кучето се напи и повторно беше весело. Кога девојчето погледна во стомната, таа беше сребрена.
Тогаш девојчето потрча накај дома и и даде на мајка си да се напие. Мајката и рече:”Јас и онака ќе умрам, попрво ти напиј се вода” и и ја даде стомната на ќерка си. Во истиот момент стомната стана златна. Девојчето не можеше повеќе да одолее и сакаше да се напие вода, кога некој патник влезе во собата и замоли за голтка вода. Девојчето наместо вода, ја проголта својата плунка и стомната му ја даде на патникот. На стомната изненадно се појавија седум дијаманти и од секој од нив течеше млаз на свежа и честа вода.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...