Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Има повеќе од една година откако ќерка ми го започна својот живот. Минатата година, во овој период, таа беше микроскопска точка во мојот стомак и ние ја објавивме бременоста. Четири месеци по нејзиното раѓање моето тело се уште содржи докази за нејзиното постоење.
Имам темни кругови под очите. Цела долина каде што некогаш беше мојот стомак. Колкови со нови амплитуди кои мојот тинејџерски ум не може да ги препознае. Линии на стомакот кои докажуваат дека тој некогаш личел на планина. Осветлени напукнувања на кожата кои докажуваат дека еднаш сум била претесна и одвај сум ја собрала сета љубов која се населила во мене и која ме исполнила. Линии кои докажуваат дека мојата убава ќерка еднаш живеела во мене.
Како можам да се срамам од тоа?
Толку многу сакани луѓе гледам во неа. Ги гледам сјајните очи на татко ми и трепките и веѓите на нејзиниот татко. Го гледам седумнаесет годишното момче во кое за прв пат се заљубив вистински и мојот дедо кога бил дете, секогаш кога таа ќе ме погледне. Таа ги има моите уши и мојата брада. Оние кои никогаш не ги сакав...Сега се чувствувам поубаво, бидејќи утврдив дека се совршени и посебни!
Моето тело создаде живот.
И ја посакувам таа привилегија на секоја жена.
Сигурна сум дека мојот стомак е малку помек, но ќерка ми се кикоти кога отскокнува на него. И да, колковите ми се раширија, но многу подобро играм додека ја заспивам. Мојата 25 годишна коса има по некое бело влакно, но таа се смирува кога ќе ја фати меѓу малите прстиња.
Јас не сум беспрекорна појава во очите на општеството, ниту блиску до она што некогаш бев во физичкиот изглед, но во очите на мојата ќерка јас сум совршена. Заради неа, би ја дофатила и Месечината. Таа го знае моето срце. Го знаеше многу порано пред да ме запознае.
И ме сака заради тоа.
Не можам да ви опишам колку сум среќна заради тоа.
Моето тело е само обликување на мојот дух. А тој е силен и непоколеблив.
Моето тело создаде живот.
Моето тело е моќно.
Моето тело ме направи мајка.
Нештата кои беа скршени пред да ја запознаам неа, таа ги залечи и ме направи повторно цела!
Извор: A Beautiful baby project
забава Бремените
Автор: bobik
Придобивки од млекото и млечните производи за здравјето
Млекото и млечните производи се дел од традиционалната исхрана во мног...
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна...
Што се матични клетки и зошто се толку важни?
Во светот на медицината постојат многу зборови што звучат како научна ...
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која мо...
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска ми...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?