Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Ситуацијата станувала се посериозна. Лошата вештерка, која сето ова го посматрала, не сакала луѓето да умираат (бидејќи мртви не можат да ги купуваат нејзините напитоци и мелеми), па развила нов план. На секого му дала уште по една вреќа, која била многу слична на вреќата со топли снегулки, само што оваа вреќа била ладна. Во оваа вреќа се наоѓале ладни боцки. Овие ладни боцки не правеле луѓето да се чувствуваат топло и нежно, туку ладно и боцкаво. Но ладните боцки ги спречувале луѓето да се згрчат потполно и да ја искриват кичмата. И така, секој пат кога некој ќе побарал топла снегулка, лушето возвраќале “Не можам да ти дадам топла снегулка, дали би сакал ладна боцка?”. Понекогаш би се состанале двајца луѓе на само, мислејќи дека можат да добијат топла снегулка еден од друг, но некој од нив би се предомислил и би му дал на другиот ладна боцка. Како последица на тоа, иако многу малку луѓе умирале, сепак биле многу несреќни и се чувствувале ладно и боцкаво.
Ситуацијата дополнително се комплицирала бидејќи со доаѓањето на вештерката имало се помалку топли снегулки наоколу, кои порано биле бесплатни како воздухот кој го дишеме, сега станале многу скапи. Пред доаѓањето на лошата вештерка луѓето се собирале во групи од тројца, четворица, или петмина, никогаш не грижејќи се кому ќе дадат топла снегулка. По доаѓањето на вештерката луѓето се собирале во парови и ги чувале своите топли снегулки исклучиво само едни за други. Луѓето кои немале партнер морале да ги купуваат топлите снегулки и морале напорно да работат за да заработат доволно пари.
Некои луѓе станале популарни и добивале многу топли снегулки. Потоа ги продавале на луѓето кои биле помалку популарни, а на кои им требале топлите снегулки за да преживеат.
Се случило и нешто друго: некои луѓе зеле ладни боцки, кои ги имало во неограничени количини – ги обоиле во бело и ги продавале како топли снегулки, што предизвикало уште поголема отуѓеност и непремостив јаз меѓу луѓето.
Бајка за топлите снегулки - III
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.