flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
Моето име е Игнатовска Милена, ќерка на еден прекрасен човек,на еден прекрасен татко, кој во моментов е во тешка здравствена состојба и итно му е потребна помош.
Имено, борбата на татко ми-Игнатовски Ѓорѓи, почна уште во 2003 та година, кога прв пат му беше дијагностицирано рак на дебелото црево. На 01.12.2003 му е извршена првата операција. Пост оперативно, немаше никаков предлог за хемотерапија. По само 2 години, во 2005 та повторно се дијагностицирани промени на дебелото црево, по што следуваше и втората операција, со која се отстрани дебелото црево во целост. После оваа операција, тој примаше хемотерапија, која кај нас е на позитивна листа, меѓутоа, не даде никакви позитивни резултати. Во 2008 година, за жал, повторно има нова дијагноза, овој пат, метастаза на црн дроб голема скоро 10 см. Оваа операција ја изведе хирург од Словенија, за кој секако требаа пари од домашниот буџет. Пост оперативно, повторно се ординираше онаа хемотерапија, која и предходно не даде резултат. Како резулатат на сето тоа ПОВТОРНО во 2011 се дијагностицира метастатска промена на црниот дроб, со локализација на вена Кава. Комплицираноста на оваа операција налагаше да таа биде извршена некаде во странство. Oваа операција во Белград на ВМА моравме да си ја платиме повторно сами. Операцијата заврши успешно и предлогот за понатамошното лекување од страна на докторите во Белград,беше комбинација на FOLFOX+AVASTIN. Овие лекови кај нас не се на позитивна листа. Ние немавме сили финансиски да ги набавиме, па продолживме кај нас на онколкогија со XELODA. Само по 11 месеци од оваа операција, со јаки дози на нашата хемотерапија, на татко ми му дијагностицираа 3 нови метастази од кои две во паренхимот на црниот дроб и едната е повторно на вена Кава. Последната, петта по ред операција е извршена на 14.05.2012 повторно со наши средства, повторно во Белград. При оваа операција, двете метастази во паренхимот на црниот дроб се отстранети, меѓутоа онаа на вената не е отстранета во целост. Единствената терапија што може да го спречи растот на оваа метастаза и да ја намали истата, е повторно онаа предлагана 3 пати предходно FOLFOX + AVASTIN. Оваа терапија во дозата која е потребна за лекувањето на татко ми е околу 30 000 евра. Ние, јас и мојата фамилија, до сега ниту еднаш не побаравме помош од никој, меѓутоа, немаме повеќе сили и средства за да ја продолжиме борбата сами. Имаме само надеж дека постојат хумани луѓе кои сакаат и кои можат со своја донација да помогнат да спасиме еден живот. Да спасиме еден прекрасен човек, еден сопруг, еден татко!
Во прилог ви ја испраќам жиро сметката на која можете да донирате,како и комплетно целата медицинска документација од 2003-2012.
Т-Мобиле – 070 / 143 - 144
ВИП - 077 / 143 – 776
Жиро сметка: 300027000992592
Партија: 00992540
Комерцијална банка АД Скопје
Цел на дознака: За Игнатовски Ѓорѓи
Ви благодарам од мое име и од име на моето семејство.
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 09:52
на тема Куповина стана са терасом baštom Београд тражим стан некретнине имање паркинг гаража двориште Србија
flat.sale.bezanija во 06:23
на тема Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 06:22
на тема flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.