Власта одлучи: Aбортирајте, ама само еднаш годишно!
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Прекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година, освен во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност за животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањетo; пишува „Дневник“.
Втор абортус во иста година ќе биде можен и кога може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци или кога до зачнувањето дошло со извршување кривично дело - силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење, како и кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други услови што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.
Како што пишува „Дневник“, ова се предвидува со предлог-законот за прекин на бременост, кој по скратена постапка влезе во собраниска процедура.
Ако жената сака да ја прекине бременоста по 10-тата недела, ќе мора да има одобрение и од првостепена комисија за прекинување на бременоста. Оваа, како и второстепена комисија за прекинување на бременоста, ја формира министерот за здравство за секоја здравствената установа во која се врши абортус.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Симптоми на имплантација
Имплантацијата е еден од најсуптилните и најважни моменти во почетокот на бременоста. Тоа е процесот кога оплодената јај...
4
Кога и како можете да го дознаете полот на...
Откако тестот и докторот ќе ја потврдат бременоста, следното прашање ќе ви биде: „Кога е терминот за породување?“ Веднаш...
4
Кои се знаците на инфекција по царски рез?
Инцизија и инфекции на матката се релативно чести по царски рез. Дознајте за вообичаените симптоми на инфекција по царск...
4
Дали ултразвукот може да му наштети на беб...
Трудниците често се прашуваат дали ултразвукот има некакво штетно влијание на бебето во стомакот. Лекарите ги тешат дека...
3