Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: 2mama
Датум на породување: 21.06.2008
Тип на породување: природно
Болница: Ремедика, Скопје
Сега сум на почеток на втора бременост и талкајќи низ вашиот сајт ги читав приказните за породување па решив да споделам и јас некој дел од моето “патешествие” наречено бременост и породување.
Тестот за бременост го направив 3 дена пред мојата свадба. Kога ги погледнав 2-те цртички мислев дека ми се присторува, а подоцна си велев не е точен тестот зошто јас не чувствував ама баш ништо,освен што ми доцнеше 10 дена, а пред тоа никогаш не ми доцнело секогаш имав циклус на 28 дена.
Со сопругот решивме после свадбата да одиме на гинеколог. Така и направивме, кога отидовме тој ни рече - ”работата е за во кафеана” тогаш на сите им кажавме за нашата среќа .
Јас имав бременост каква сите би посакале, не чувствував ништо без ниедна мачнина се беше во ред до 7-от месец. Нешто се искомплицира со плодовата вода и од нормална бременост за 2 часа мојата бременост се претвори во високоризична бременост. Докторот ми даде инјекции да созрее плодот и сакаше за 5 дена да ме породи. Не знаев како излегов до кола и како стасавме до дома.
Решив да побарам друго мислење и отидов на клиниката за гинекологија. Таму рекоа дека се е во ред освен што навистина плодовата вода е на граница, но не е толку алармантно.
Се одлучив и за трето мислење, отидовме во Ремедика и таму ни го потврдија истото дека не е толку страшно, само мора на 2 дена на ЦТГ да се следи. Примав инјекции клексан до крај 2 недели пред крај ми ги прекинаа.
Терминот ми беше на 12 јуни но помина и тој ден, и недела дена и пак ништо. На 20 јуни си станав нормално, по дома си средував и некаде околу 11 часот осетив болка во долниот дел од стомакот. И кажав на свекрва ми, а таа ми рече дека тоа се лажни болки. Подоцна почнаа на половина час, па попладнето околу 16 часот на 15 мин, се подготвив се и со сопругот тргнавме кон болницата. Кога стигнавме таму на ЦТГ ме ставија веднаш и имаше контракции докторот ме прегледа и ми рече почна породувањето 1 прст си отворена но ќе очекуваме најверојатно утре поради компликациите. Останав на моја среќа таму бидејќи се отворив многу бргу, болките стануваа многу поинтензивни а мене ми беше многу лошо, многу повраќав, но среќа сопругот беше цело време со мене и тоа ми беше многу голема поддршка. Кога во 23 часот пак ме прегледа докторката ми рече дека за 2-3 часа ќе имаме бебенце. На бокс отидов во 01:45 во 01:55 се роди мојата принцеза. Кога ми ја ставија на гради со сопругот, кој беше цело време со мене и ме држеше за рака, плачевме од среќа. И пак ќе кажам многу значи кога сопругот е тука за цело време бидејќи верувам дека на секоја жена во тој момент најбитна и е љубовта и поддршката од сопругот.
Рингераја и посакува среќно детство на ќеркичката на 2mama !
Топ 10 породилни приказни
nadica: Мојата породилна приказна
Anushka: Мојата породилна приказна
Тања: Мојата породилна приказна
cecka: Мојата породилна приказна
ananikol: Мојата породилна приказна
kikicka: Мојата породилна приказна
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
мичо: Мојата породилна приказна
Palce: Мојата породилна приказна
vanessa p: Мојата породилна приказна
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
забава Бремените
Автор: bobik
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Како да играте со вашето бебе додека е будно?
Во првите неколку недели по раѓањето, новороденчето поголемиот дел од ...
Најдобри пијалоци за метаболизам и слабеење
Кога зборуваме за слабеење, често мислиме на исхраната и физичката акт...
Природни трикови за мазна и природна коса
Дали сакате мазна и уредна коса, или пак да и дадете природен изглед н...
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: