Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Спонтаните абортуси се многу чести. Се проценува дека 10 до 15 % од сите бремености завршуваат во првите 12 недели од бременоста. Тука можеме да додадеме и ист процент “непознати” абортуси кога оплодената јајце клетка не се вгнездува во матката. Притоа жената не приметува ништо друго, освен пообилна менструација и неколку нејзини доцнења. Спонтаниот абортус во повеќето случаи не значи дека жената не може повторно да забремени и да ја износи бременоста до крај.
Знаци на можен абортус
Абортусот го најавува крварење од матката, болки во грбот и долниот дел на стомакот. Секое крварење не е знак за можен абортус, но трудницата во случај на крварење секогаш треба да посети гинеколог, бидејќи често пати абортусот може да се спречи.
Причини
Причините за абортусот се различни, многу од нив докторите можат да ги дијагностицираат, но не сите.
Хормонални пореметувања
Доколку јајцеводите во првите три месеци не произведат доволно прогестерон (хормон кој ја одржува бременоста), се појавува крварење. Со строго мирување и хормонска терапија, абортусот често пати се спречува.
Ослабено грло на матката
Кај некои трудници, посебно оние кои во минатото имале некои интервенции во подрачјето кај матката или грлото на матката, вратот на матката поради растењето на плодот почнува повремено да се отвора. Тоа може да доведе до абортус во второто тромесечје од бременоста, поради тоа грлото на матката се зашива, и ова се нарекува серклаж. Најчесто со оваа постапка бременоста се износува до крај.
Стрес
Ризик за губење на детето, поради преголем емоционален стрес, преголем телесен напор или повреда е присутен во првите три месеци од бременоста. Подоцна плодот е толку добро вгнезден, што не може толку лесно да се повреди. Со строго мирување, вежби за релаксирање и лекови кои ги смируваат контракциите на матката, абортусот секогаш се спречува.
Аномалии на плодот
Доколку строгото мирување и хормонската терапија не помогнаа, причината е во неправилниот развој на плодот. Тоа е најчеста причина за спонтан абортус. Може да и се случи на секоја жена, и тоа не значи дека проблемот е кај нејзините јајце клетки или спрематозоидите на таткото. Причина се хромозомските аномалии или штетните надворешни влијанија.
Останати причини
Причини за спонтан абортус можат да бидат и инфекции кај мајката или поретко: дијабет, РХ инкомпатибилност и останато.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...