|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Воведување на дохрана

Доење
Бебињата кои имаат шест месеци, при мешана исхрана, потребни им се барем уште два млечни оброци дневно (ако нивната исхрана е уште само млеко, им требаат 5-6 млечни оброци) Повеќето доенчиња ноќе спијат вкупно 6 часа, а со отприлика 6 месеци се способни да преспијат подолг интервал, без потреба за храна. Но некои се будат по 1-2 пати за хранење.

Хранење со шишенце

Ако доењето не е можно, или сте одлучиле дека не сакате да доите, најдобра замена за вашето млеко е адаптирано млеко прилагодено за доенчиња. Сега може да користите млечни препарати означени со бројот 2, кои се малку погусти и повеќе заситуваат. Но нема да погрешите и ако продолжите со млечен препатат означен со бр.1.

На доенчето во седмиот месец, покрај мешаната исхрана му требаат уште 2 млечни оброци дневно (ако неговата храна и понатаму е млеко, му требаат 4-5 млечни оброци) По шестиот месец стерилизацијата на шишенцата повеќе не е потребна.

Воведување на дохрана

Со воведување на мешана исхрана е најдобро да се започне по 6.месец, особено ако во семејството имате лица склони кон алергии. При воведување на мешана исхрана продолжувате со доење или хранење на шишенце.

Исто така, во семејствата склони кон алергии новите состојки се воведуваат во посебно внимание, секогаш во мали количини и во растојание од 3-4 дена за секој нов продукт. Во исхраната воведете по една нова состојка, или испробаната измешајте ја со новата состојка, за да знаете од што е можната алергиска реакција.

Примерена цврста исхрана

За почеток најпримерена храна се овошјето и зеленчукот. Повеќето родители на децата прво им нудат овошен сок и продолжуваат со овошни кашички. Најдобро овошје за почеток се јаболко, круша и банана, а подоцна може да воведете праски, кајсии, сливи и диња...На почетокот треба да се избегнува зрнесто и цитрусно овошје. Се препорачува да му дадете овошје претпладне, затоа што може да предизвика стомачни грчеви и пролив.

За прв зеленчук најпримерени се компирот и морковот, а потоа можете тиквички, брокула, карфиол, грав и останат зеленчук.

За почеток се исто така добри житариците. Внимавајте да не му дадете храна која содржи пченица, јачмен или зоб, пред 6. месеци (тоа се житарици кои содржат глутен), затоа што го зголемувате ризикот да добие целијакија. Помеѓу 4. и 6. месец можете да му давате ориз, пченка и хељда. Житно-млечните кашички се добра замена за млечен оброк.

Месо почнуваме да воведуваме по 6. месец и секогаш откако сме вовеле овошје и зеленчук. Одбираме квалитетно месо од млади животни. За почеток најдобро е пилешкото месо. Рибата се воведува по 9. месец и најдобра е белата риба.

Со наполнети 6. месеци, на детето понудете му тврдо варено јајце. Заради можност од алергии белка од јајцето не давајте до 1 година.

Пред наполнета година на детето НЕ смееме да му даваме обично кравјо млеко, белка од јајце, мед, свинско месо, ореви, лешници, кикиритки, чоколадо, печурки...

Кравјо млеко

Неприлагоденото кравјо млеко не е адекватна храна за доенчиња, затоа што по содржината многу се разликува од мајчиното млеко. Содржи повеќе протеини и минерали, а помалку шеќер и има поинаков состав на мастите. Освен тоа кравјото млеко е полно со бактерии. Пиејќи кравјо млеко детето добива преголема количина на протеини и минерали (соли) кои мора да ги излачи. Тоа претставува преголем напор за неговите сеуште незрели бубрези. Кравјото млеко во млечните формули со многубројни постапки се прилагодува на потребите на детето.

Прочитајте уште

Моето доенче
Развојни фази
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Мама и тато
Си играме



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?