Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Колку сон е потребно?
Шестмесечно бебе спие околу 10 часа ноќе и потребни му се 2-3 двочасовни дремки во текот на денот. Повеќето доенчиња спијат 5-6 часа, но многу од нив се будат 1-2 пати ноќе за хранење. Некои ја преспиваат цела ноќ без будење, а некои тој ритам го воспоставуваат по првата година.
Доенчето веќе има свој ритам на спиење. Обидете се да ги одржите неговите навики за дневно преспивање, хранење и заспивање навечер, затоа што доенчето ќе може полесно да заспие ако одмара секој ден во исто време. Кога Вашето доенче е многу активно, во време кога треба да спие, размислете дали е премногу уморно, затоа што неговата невообичаена активност може да биде последица на замор. Многу уморните доенчиња често тешко заспиваат и понемирно спијат.
Моето доенче се буди ноќе
Во овој период доенчето е јако поврзано со родителите и всушност таа поврзаност може да биде причина детето да се буди навечер и плачејќи да Ве бара. Преплашено е затоа што не сте покрај него. Во тој случај најдобро е да почекате до неговото креветче, додека повторно не заспие. Причина за често будење може да биде и глад заради зголемено трошење на енергија (брз раст, голема активност преку денот), а може да го разбуди и изненадното вртење на стомак.
Самостојно заспивање
За добро и долго спиење важно е доенчето да знае само да заспие. Ако Вашето доенче тоа уште не го знае, сега е вистинско време за учење. Постојат многу техники, а родителите одлучуваат која ќе ја употребат (некои го оставаат доенчето да се исплаче, други го држат во близина и се обидуваат да го смират додека тоа се обидува да заспие во креветчето).
Во секој случај на доенчето дајте му прилика за вежбање на самостојно заспивање - легнете го во креветчето кога е поспано , а не кога веќе спие. Ако навечер го заспивате во прегратка или со шишенце млеко, истото ќе го очекува и ќе му треба и во текот на ноќта кога ќе се разбуди. Исто така на доенчето ќе му треба Вашата помош ако се разбуди на различно место од она на кое заспало(ако на пр. го заспиете во вашата спална соба, па потоа го преместите во неговата соба).
Моето доенче
Развојни фази
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Мама и тато
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 5 месеци
Следен период: Возраст 7 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Спортот и плодноста, умереностa е важна
Физичката активност е еден од најважните столбови на здравиот живот, н...
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)