Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дајте му на доенчето многу љубов и внимание. Не грижете се, нема да го разгалите!
Насмевката на Вашето дете не е веќе “беззабна”! Ако устата ја краси некое ново запче, веднаш почнете да го чистите. Чистењето на забите нека биде низ игра! Така доенчето ќе научи дека тоа е важна секојдневна активност. При изборот на четкичка за заби прочитајте ги упатствата на произведувачот, а кај првите заби може да си помогнете користејќи газичка намотана на Вашиот прст.
Во шестиот месец доенчето добива на тежина по околу 140 гр. неделно (20 гр. дневно) и ќе порасне околу 2 cm во должина. Кога ќе наполни пола година долго е околу 68,5 cm и тешко отприлика 7,5 кгр. Имајте во предвид дека се тоа просечни вредности и дека се можни отстапувања.
Развој на моториката и движењата
Повеќето доенчиња во шестиот месец го совладале завртувањето од стомак на грб, а некои веќе се вртат во двата правци. Кога доенчето лежи на грб ја подигнува главата во обид да се дигне во седечка положба. Ако го повлечете за рачињата во седечка положба, главата ќе ја подигне нанапред, кон градниот кош, а рацете и нозете ќе ги згрчи. При седење му треба потпора и затоа е најдобро да седи во прегратката на возрасните. При крајот на шестиот месец бебињата имаат доволно сила за да можат самостојно да седат пократко време.
>>
Повеќе
На доенчето во петтиот месец му се потребни 5-6 оброци дневно. Повеќето доенчиња ноќе спијат и до 6 часа во континуитет, а многу од нив се разбудуваат 2-3 пати за хранење. Што се однесува до зачестеноста на доењето најдобро е да му ја понудите дојката секогаш кога ќе плаче или ќе покажува други знаци на глад.
>>
Повеќе
Воведување на дохрана
Со воведување на мешана исхрана најдобро е да се започне по 6. месец, бидејќи со тоа се намалува можноста за алергии. Способноста за мешана храна на доенчето се покажува и со способноста за седење (со придржување). Нормално, при воведување на цврста храна продолжуваме со доење или хранење со шишенце.
>>
Повеќе
Варење на храната при воведување на цврста исхрана
Со воведувањето на мешовита исхрана се менува и столицата на доенчето. Бојата, мирисот и изгледот зависат од храната што ќе ја изеде. Во столицата често ќе забележите и делови од несварена храна, но не треба да се грижите (детскиот систем за варење не е во потполност зрел и способен да ги свари сите состојки). По овошните каши столицата може да биде кашеста, а после зеленчук е обликувана, а посебно после месо има јак мирис. По внесувањето на тврда исхрана повеќето доенчиња имаат столица еднаш дневно, а повремено може да се појави и опстипација (затвор).
>>
Повеќе
Колку сон е потребно?
Во периодот од 5. и 6. месец повеќето доенчиња спијат по 5-6 часа без прекин. Ако Вашето дете не е меѓу нив можеме да ве утешиме дека не сте единствени, затоа што многу доенчиња (пред се доени) се будат 1-2 пати ноќе за доење. Доенчето ноќе спие околу 10 часа и потребни му се уште околу 2-3 пати по два часа дневно спиење.
>>
Повеќе
Омилени игри
Гласна смеа кај доенчето може да предизвикате со нежно скокоткање или дување во стомачето. Можете да си играте и “Буба буба - ѕе”. При повторување на игрите доенчето ќе знае што може да очекува и затоа ќе ужива уште повеќе.
>>
Повеќе
Бебе од половина година разликува различен нагласок, тоналитет и странски јазици, подобро од возрасните.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгле...
Чувство на вина кај новите родители
Родителството често се прикажува како врвно исполнување, како момент н...
Зошто бројката на вагата не е најважна?
Колку повеќе навлегуваме во светот на фитнесот и здравјето, толку пове...
Штукнувањето кај бебињата е сосема нормално
Ако сте нов родител, веројатно сте веќе сведоци на најслаткото нешто: ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: