|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Возраст на вашето дете: 4 месеци


Малку помалку пријатна страна на родителството: недостаток на сон!

Доенчето разликува ден и ноќ, повеќе спие ноќе (околу 10 часа), а му требаат уште три пати по два часа  одмор во текот на денот. Повеќето доенчиња (пред се доени) се будат ноќе еднаш до два пати, заради хранење. Некои веќе спијат по шест часа во континуитет. Овој месец ќе забележите дека доенчето има воспоставено ритам на спиење и будност. Дневните одмори се отприлика во исто време. Навечер има свој час за спиење и наутро час за будење. Ако е изразито активно во време кога би требало да спие, размислете дали е можеби преуморено, затоа што неговата вообичаена динамика може да биде последица на замор. Многу уморните бебиња потешко заспиваат и понемирно спијат.


Развој на детето: Моето доенче


Во петтиот месец доенчето добива 140 гр. неделно (20 гр. дневно) додека во должина ќе порасне околу 2 cm. На пет месеци повеќето доенчиња ја дуплираат родилната тежина.


Развој на детето: Развојни фази


Држење на главата и развој на телото
Доенчето нема повеќе проблеми со држење на главата, вашата поткрепа повеќе не е потребна. Кога лежи на стомак го подигнува телото со помош на рацете. Од таа положба може да се преврти на грб (повеќето бебиња учат да се завртат од стомак на грб).Обезбедете му на Вашето дете сигурна околина за истражување и освојување на нови можности на телото. Во овој период детето е воодушевен истражувач. Доволно е да имате голем прекривач, или уште подобро подлога која може да ја ставите на подот или надвор на тревата.

>> Повеќе


Развој на детето: Доење и дохрана


Доење
На четири месечно доенче потребни му се 6-8 оброци дневно (во тек на 24 часа). Повеќето доенчиња се будат 1-2 пати во текот на ноќта за хранење. Што се однесува до зачестеноста на хранењето најдобро е да се прилагодите на неговите потреби и да му ја понудите дојката секогаш кога има потреба за храна.

>> Повеќе


Развој на детето: Спиење


Доенчето веќе има воспоставено свој ритам на спиење. Дневниот одмор е отприлика секој ден во исто време, навечер има час за заспивање и час за будење. Ноќе спие околу 10 часа и потребно му е уште околу три пати по два часа спиење во текот на денот. Повеќето доенчиња (пред се доените) се будат еднаш до два пати за доење.

>> Повеќе


Развој на детето: Здравје и нега


Вакцинација
Со наполнети четири месеци доенчето прима втора доза од вакцината против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б. Во Македонија е задолжителна вакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б, вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, против жолтица тип Б и туберкулоза. Прочитајте го Календарот за вакцинација на Рингераја

>> Повеќе


Развој на детето: Си играме


Тато, играј со мене!
Таткото има поинаков пристап спрема доенчето, отколку мајката. Поинаков е неговиот начин на тешење, на игра, накратко, моментите поминати со таткото се различни од моментите поминати со мајката. Така и треба да биде. Со тоа доенчето ја учи разнообразноста на социјалните контакти и емоционалниот одговор кон нив.

>> Повеќе


Дали сте знаеле?


Доенчињата кои живеат со насмеани родители, се смеат повеќе од нивните врсници кои се опкружени со сериозни и намуртени луѓе. Доенчето учи мимикрии преку имитирање на луѓето кои го опкружуваат.

Слична содржина


Претходен период: Возраст 3 месеци
Следен период: Возраст 5 месеци



Слични артикли: