Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Покачена телесна температура
Порано или подоцна ќе се сретнете со покачена телесна температура кај детето. Најчести причинители се инфекции на дишните патишта. Причина може да бидат и бактериски инфекции или претоплување заради надворешниот извор на топлина. Други причини се ретки.
Најчесто покачената телесна температура ќе ја почувствувате со допирање на детското чело, а уште посигурна проценка ќе ви даде допир со усните на челото (бакнеж во чело). Тоа можете да го потврдите и со мерење на температура со класичен или дигитален топломер. Температурата можете да ја измерите под пазувите, во ушите или анусот. Ако мерите ректално, треба да знаете дека температурата е за пола степен повисока, отколку ако ја мерите во пазувите или увото.
Кога е потребно спуштање на температурата
Важно е да се знае дека покачената телесна температура има позитивно влијание во борбата со инфекции, заради тоа не е препорачливо да се симнува ако е под 38,5° C. Ако температурата порасне над 39° C , се зголемуваат нејзините негативни ефекти и заради тоа треба да ја симнете. Прво погрижете се доенчето да биде во проветрена просторија, со температура околу 20 ° C (не во претопла соба, покриено со ќебе) треба да е облечено во памучна облека и по потреба покриено со лесна покривка. Можете да го ладите во млака купка (во кадата нека има малку вода и полејте го по телото) Важно е да пие повеќе течности, заради тоа што покачената температура може да предизвика дехидрација. Препорачливо е секогаш да имате средства за симнување на температурата, како што се чепчиња на парацетамол, или сируп. Лековите секогаш користете ги според упатството од лекарот.
При првата покачена температура најверојатно ќе го посетите матичниот лекар кој ќе Ви објасни како да постапите ако случајот се повтори. Морате да посетите лекар ако Вашето доенче има помалку од два месеци, ако има покачена телесна температура и многу плаче, има конвулзии, тешко дише, има тврд врат или осип на кожата, но и во случај кога настанало претоплување, заради високата надворешна температура.
Вакцинација
Кога доенчето ќе наполни два месеци му следува уште една посета на советувалиштето за здрави деца. Тогаш ќе му измерат тежина и должина и после прегледот на педијатарот, доенчето добива прва вакцина против Хепатит Б. Прочитајте го Календарот на вакцинација на Рингераја
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 1 месец
Следен период: Возраст 3 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Карпален тунел за време на бременост
Ако си бремена и чувствуваш вкочанетост, пецкање или болка во дланките...
Како растат близнаци во матката, месец по месец?
Од две клетки до две уникатни мали човечки суштества....
Кога бебето ќе се роди, сите се обидуваат да пронајдат на кого личи. Д...
Сите сакаме и примаме љубов, но не секој го прави тоа на ист начин. ...
Во свет полн со брзи реакции и брзи осуди, вештината да се слуша без д...
Доење.
Admin
Дали мислите дека е вистина дека колку подолго жената дои, толку е подобар имунитетот на детето?