Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
ДОЕЊЕ
Ритам на хранење
Доенчето веќе има воспоставено ритам на хранење и во третиот месец му се потребни 6-8 оброци дневно (во текот на 24 часа). Повеќето доенчиња се будат за ноќен оброк два до три пати, а некои спијат и по 6 часа континуирано. Неговата потреба за храна обично се зголемува во 3-та и 6-та недела, па во 3-от месец, но може и било кога во тек на развојот. Тоа се сосема природни скокови во растот, кои се дел од развојот и кои се манифестираат како желба за почесто доење.
Болни дојки
...најчесто се последица на неправилна техника на доење. Ако имате оштетени брадавици, или рагади и морате заради болките да прекинете со доењето некој ден, треба на секои 3 часа да го измолзувате млекото. Брадавиците секогаш мијте ги со млака вода, не употребувајте сапун или раствори кои содржат алкохол.
Кај преполни, болни и набрекнати дојки, како и кај запушени млечни канали (мали болни места на дојките)измијте ги дојките со млака вода, тврдите места нежно масирајте ги и измолзувајте го вишокот на млеко, се додека дојките повторно не станат меки (тоа наједноставно ќе го направите под топол туш) . Продолжете да доите што почесто.
Ако забележите црвено и на допир многу болно тврдо место, а имате температура над 38,4 C и многу лошо се чувствувате, веројатно имате воспаление на дојката што се нарекува маститис. Посетете го својот матичен лекар, затоа што ви е потребно лечење со антибиотици.
ДОХРАНА
Хранење со шишенце
Ако доењето не е можно, или сте одлучиле дека не сакате да доите, замена за мајчиното млеко е фабрички преработено, адаптирано млеко за доенчиња (т.н. млечна мешавина, млечна формула, адаптирано или вештачко млеко) Во третиот месец доенчето веќе има свој ритам на хранење и потребни му се околу 6 оброци дневно (приближно на секои 3 часа) . Повеќето доенчиња се будат за ноќен оброк два-три пати, а некои спијат и по 6 часа континуирано. Што се однесува на количината на поединечниот оброк, потребно е да се придржувате на упатството на амбалажата. Треба да знаете дека доенчето не е секогаш подеднакво гладно, затоа немојте да го присилувате да ја испие целата количина на млеко која сте ја подготвиле, ако не сака.
Повеќе за хранењето и подригнувањето на доенчето можете да прочитате во воведниот прв месец.
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 1 месец
Следен период: Возраст 3 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Рацете се едни од првите делови од телото што ги забележуваме кај друг...
Сексуална пракса при обид за забременување
Кога паровите ќе решат дека е време за бебе, често се појавуваат бројн...
Многу парови мислат дека забременувањето е едноставно, неколку обиди и...
Како да го пронајдете својот животен повик?
Во одреден момент од животот сите нас нe допира пронаоѓањето на сопств...
Реакција на бебето при воведување дохрана
Воведувањето дохрана е една од фазите во првата година од родителствот...