|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Си играме

Најдобра забава за доенчето
Најдобра забава за доенчето е дружење со родителите. Ужива во разговорите, насмевките, пеењето, гледањето во очи – задоволно е ако може да биде во Ваша близина. На тој начин доенчето си игра, учи и се запознава со родителите.

Лулката, креветчето или корпата на доенчето, ставете ги во собата во која престојувате. Притоа може да ги извршувате секојдневните работи и да му зборувате, а тоа нема да се чувствува осамено.

Со воодушевување ќе ги посматра играчките со живи бои, кои сте му ги ставиле над креветчето. Ќе се обиде да ги допира, но сеуште безуспешно Можете и сами да направите симпатични играчки за креветчето користејќи јаже, закачалка и обични играчки. Вашето доенче сигурно ќе биде воодушевено. Пред крајот на вториот месец детето почнува да ги посматра своите раце и нозе, ужива во триење на ножињата и мавтање со рачињата. На тој начин ги открива можностите на своето тело.

Покажете му го станот

Развеселете го, земете го во прегратка и покажете му го станот. Нека гледа нанапред, во правецот во кој се движите. Приближете се до прозорецот и покажете му го надворешниот свет. Изговарајте ги имињата на животните, или предметите кои ги гледате. Кога времето е убаво изнесете го надвор да ги чуе звуците на околината и да го почувствува мирисот на свежиот воздух. Понудете му различни предмети да може да ги допре, а потоа и да ги фати. Нежно заиграјте на некоја музика со него. Ќе ужива ако му пеете (иако не сте талентирани) најмногу му се допаѓа звукот на Вашиот глас, заради тоа често разговарајте со него, а можете и гласно да му читате.

Примерени играчки

Вашето доенче најмногу сака играчки со живи бои, посебно такви што ѕвечат или свират на допир. Сега почнува да фаќа играчки, заради тоа дајте му играчки од различен материјал, затоа што на тој начин ќе го изостри сетилото за слух.

Закачете му над креветчето вртелешка со живи бои која ќе го поттикнува да ги истегне рацете, а нежната музика ќе го смири.

Предупредување

Секогаш бидете сигурни дека играчките со кои си игра Вашето дете се без ситни делови кое детето може да ги откине (постои опасност да се задуши со нив, или да ги голтне), без остри рабови и да се направени од безопасни материјали.

Прочитајте уште

Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме



Анкета

Доење.
Admin

Дали мислите дека е вистина дека колку подолго жената дои, толку е подобар имунитетот на детето?