namesp во 10:12
Житарици во исхраната на децата
Редакција Рингераја, 3.5.2022
Кога зборуваме за исхрана на доенчето и за нашата култура на исхрана, житариците, заедно со овошјето и зеленчукот, се почесто стануваат прв избор при воведување на нови продукти во исхраната на детето. Почетниот период на воведување на цврсти продукти во исхраната на доенчето се поклопува со фазата на забрзан раст и развој. Заради зголемените енергетски и нутритивни потреби како и неможноста за внесување на голема количина храна, оброците мораат да бидат со адекватна нутритивна густина. На бебето кое активно се движи и развива тоа ќе му го осигурат житните кашички.
За да имаме јасна слика и точна информација, Светската здравствена организација (WHO) спровела мултицентрично испитување кое ги вклучило земјите од целиот свет, а во кое, низ упатствата за исхрана, утврдени се начините на дохрана и исхрана на децата од различнии етнички и културолошки групи. Резултатите од истражувањето покажале дека житариците се најчестата група на производи со кои се започнува дохраната.
Бидејќи во последните неколку години се повеќе се појавуваат деца кои имаат целијакија, при воведувањето на житарици во исхраната на детето, често се поставува прашањето кога и која житарица да се одбере.
Новите испитувања дадоа насоки: првиот избор да биде резервран за житарките кои не ја содржат белковината глутен, а најчести се ориз, пченка и просо.
Со цел да се спречи можноста од појава на целијакија, претходните испитувања промовираа што подоцнежно воведување на продукти кои содржат глутен, првенствено пченични снегулки, пченичен гриз, овесни и снегулки од 'рж и јачмен. Меѓутоа, според најновите студии и метаанализи, се смета дека за тоа нема потреба. Имено, претераното одложување е исто како и прераното воведување на глутенски извори во дохраната. Ова може да има лоши последици врз здравјето на детето и да влјае на зголемен ризик од развојот на глутенска ентеропатија, односно целијакија.
Во САД е спроведено порспективно опсерваториско испитување во кое е заклучено дека воведувањето на глутенски производи во првите три месеци од животот и одложувањето на нивното воведување (по седмиот месец од животот) значително го зголемуваат ризикот од појава на целијакија. Тој став го поддржала и Европската агенција за сигурност на храната (EFSA), која врз основа на прегледаните студии и метаанализи, наведува дека континуираното доење пред и по воведувањето на глутен во исхраната е клучен фактор за спречување на развојот на целијакија и дијабетес тип I кај децата. Всушност тоа е став и на комисијата ESPGHAN која дала директива за дохрана на доенчињата, каде се наведува дека постепеното воведување на мала количина глутен не пред четвртиот, но ни после седмиот месец е најдобар начин за намалување на ризикот од развој на целијакија, дијабетес тип 1 и алергија на пченица, јачмен, 'рж и овес.
Во последно време популарни стануваат и житариците со помалку познато име и потекло. Хељда, амарант и киноа спаѓаат во групата на псевдожитарици, а од нутриционистичка гледна точка се интересни заради својот аминокиселински состав и богатство со микронутритиенти.
Хељдата, со потекло од Азија, главно се консумира во северните земји на Европа. Семките кои наликуваат на триаголник се одличен извор на дури осум есенцијални аминокиселини, влакна, минералите манган и магнезиум, а мелени и зготвени во комбинација со пченкарен гриз прават прекрасна, хранлива и енергетски богата житна кашичка. Сепак треба да се биде внимателен бидејќи се забележани случаи на алергиски реакции на хељда.
Амарант, света билка на античките Грци, во исхраната на детето ќе биде лесно сварлив извор на белковини. Како растение има исклучително богатство на калциум и железо заради што се комбинира со житарици како ориз, зелен листест зеленчук како блитва и спанаќ.
Типично за сите житарици е што содржат растителни влакна кои го олеснуваат варењето на храната. Кога зборуваме за киноа треба да се нагласи дека влакната се разложуваат во вода и заради тоа се користи за регулација на столицата. Богата е со белковини, витамин Е и Б2.
Иако житариците се основа на правилната исхрана, без оглед на тоа дали се работи за житарици или за псевдожитарици, нивната хранливост не е доволна за правилен раст и развој на детето и затоа е нужно да се комбинираат со останатите продукти.
Автор: Тена Нисетео, дипломиран инжињер за прехранбени технологии/нутриционист/клинички диететичар/Клиника за детски болести, Загреб
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Во присуство на претставници на медиумите, педијатри, фармацевти, технолози, дерматолози и останати блиски соработници, ...

Терапија во солена соба се препорачува за децата и возрасните. На болните заради лекување, а на здравите превентивно, би...

Наследникот на престолот принцот Џорџ е крстен вчера, на 23 октомври. 3 месечниот принц го направи својот голем влез во ...
