|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Здравјето пред бременост - првиот важен чекор

Редакција Рингераја, 29.9.2025
Кога се зборува за здрава бременост, најчесто фокусот е на исхраната, навиките и контролите откако жената веќе ќе дознае дека е бремена.

image
Фото:Canva/Експертите сe повеќе нагласуваат дека подготовката за бременост започнува многу пред самиот позитивен тест.
/11


Здравјето пред зачнување е темелот за правилен развој на бебето и полесна бременост за мајката.


Зошто е важно здравјето пред зачнување?

Во моментот на зачнувањето се поставуваат биолошките темели за развој на ембрионот. Навиките, храната, па дури и нивото на стрес кај мајката и таткото можат да влијаат врз квалитетот на јајце-клетката и сперматозоидите.

Тоа значи дека здравите избори уште пред планирање бременост ја зголемуваат шансата за зачнување и носат подобри услови за раст на нов живот.


Исхрана и витамини

  • Фолната киселина се препорачува да се зема барем 3 месеци пред бременост, бидејќи го намалува ризикот од дефекти на невралната цевка кај бебето.
  • Железо и витамин Б12 користат за превенција на анемија и поддршка на правилен развој на крвта.
  • Калциум и витамин Д е потребен за здрави коски и забите на мајката и бебето.
  • Балансирана исхрана со овошје, зеленчук, интегрални житарки и протеини е основата за добар старт.


Животни навики

  • Откажување од цигари и алкохол. Овие две работи директно влијаат на плодноста и го зголемуваат ризикот од компликации во бременоста.
  • Контролирање на телесната тежина бидејќи и прекумерната и премалата тежина можат да влијаат врз циклусот, овулацијата и ризикот од гестациски дијабетес.
  • Физичка активност е подеднакво важна бидејќи умереното движење ја подобрува циркулацијата, ја балансира хормоналната рамнотежа и го намалува стресот.


Медицински контроли

Пред зачнување е корисно да се направи општ здравствен преглед кој се состои од:

  • Гинеколошки преглед и пап-тест,
  • Проверка на крвната слика и нивото на хормони,
  • Вакцинации како за рубеола, ако недостасуваат,
  • Проверка на хронични состојби како дијабетес, проблеми со тироидна жлезда, висок притисок и нивно ставање под контрола.


Улогата на таткото

И здравјето на таткото е подеднакво важно. Сперматозоидите се создаваат во период од 2-3 месеци, па затоа навиките на мажот во тој период директно влијаат врз квалитетот на сперматозоидите. Балансирана исхрана, избегнување алкохол, цигари и редовна физичка активност се клучни и за него.


Здравјето пред зачнување е неопходен чекор за сите идни родители. Колку подобро се подготви телото пред бременоста, толку повеќе се зголемуваат шансите пред се за зачнување, како и за здрава бременост, полесно носење на плодот и силен почеток за бебето.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Неплодноста боли...
Боли постојано, боли и не престанува...
3
Колку трпение бара патот до бременост?
Ако не забремените веднаш, не паниете. Прочитајте што е навистина нормално додека се обидувате и кога е време да побарат...
2
Сакате бебе? Еве колку често треба да води...
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања што си ги поставувате е: „Колку често треба да имам...
2
Дали знаете колкава доза фолна киселина тр...
Фолната киселина е синтетичка форма на фолат, витамин што природно се наоѓа во зелен лиснат зеленчук, овошје, мешунки и ...
2




Анкета

Бремена
пеперутка16

Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?