namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Босилек
Босилекот се поврзува со разни култови и верувања. Римјаните го поистоветувале со љубовта и верноста, па се верувало дека мажот засекогаш ќе ја засака жената ако од неа прими гранче босилек. Во народната медицина се користи за лекување на бројни болести: дијабетес, астма, импотенција, бубрежни каменчиња, неплодност и алергии.
Босилекот е познат по фактот дека поседува многу силни антиоксидативни својства (дури 61.000 единици). Тој исто така е богат извор на витаминот Б6 и магнезиум. Поволно влијае врз јакнењето на имунитетот, а свежите листови имаат антибактериски и антисептички својства, па можат да се користат за лекување на инфекции.
Може да се користи локално: листови од босилек ставени на рана спречуваат бактериски инфекции.
Одгледување: за да го одгледате босилекот потребно е сонце, добра дренажа и редовно полевање. Пред крај на февруари и почетокот на март, босилекот се сее во тегли. Потребна му е топлина за да никне и тоа до 15 степени. Се расадува во мај и може да се одгледува во посебни тегли или директно во градината. Многумина ја користат како декоративна билка, поради својот мирис – го разубавува секој двор.
Во кујна
Босилекот се додава пред крајот на готвењето за да го сочува вкусот и својствата. Секогаш бирајте го свежиот босилек пред сувиот. Од свежо сечкан босилек, лук и маслиново масло се приготвува одличен сос кој се послужува со тестенини, ориз и брускети.
Пригответе освежувачки чај од босилек: исечканите листови прелијте ги со врела вода, оставете поклопено 8 минути а потоа процедете.
Рузмарин
Рузмаринот е грмушеста билка која потекнува од медитеранските краишта, но денес се одгледува ширум светот. Неговото име значи морска роса и низ историјата бил омилена билка.
Уште многу одамна се користел како зачин и како лек, биле познати неговите лековити својства, дека го подобрува памтењето, па студентите уште тоа време го ставале на главата. Се користел за украсување при разни свечености, а и облеката ја кителе со гранчиња рузмарин.
Рузмаринот и рузмариновото масло ги лечат речиси сите болести: се користи како аналгетик, опушта и смирува, претставува одлична храна за мозокот (стимулира креативност и продуктивност), се користи против умор и стрес, поттикнува циркулација.
Одгледување
Се размножува со гранчиња. Потребно му е сонце, добра дренажа и редовно полевање, многу сака топлина, но ќе преживее и остри зими. Редовно поткаструвајте го и уживајте во неговиот прекрасен цвет.
Рузмариново вино
Виното се добива така што младите гранчиња се прелеваат со бело вино, а по неколку дена се процедува. Ова вино го стимулира мозокот и нервниот систем, ја подобрува циркулацијата и работата на бубрезите, а добар е и за главоболки.
Чај од рузмарин
Младите ливчиња, листови и цвет се користат за приготвување на чај, кој е добар лек за грчеви во желудник, настинки, нервни болести и главоболки.
Во кујна
Рузмаринот се користи при готвењето како зачин, особено во медитеранската кујна. Во мали количини е одличен зачин за месо, супи и меки сирења. За да прими арома, при готвењето се става гранче рузмарин а потоа се вади. Со рузмарин може да се ароматизираат масла и оцети.
Магдонос
Едно гранче магдонос е повеќе од зачин во вашата чинија. Тоа е најпопуларниот зачин кој може да се пронајде во речиси секој супермаркет во текот на целата година (секако, најдобар е тој од вашата градина). Има деликатесен и освежителен вкус со прекрасна зелена боја со што претставува незаменлив како зачин и украс на сите јадења.
Магдоносот содржи две групи соединенија кои се многу важни за здравјето. Првата група состојки содржат природни етерични масла, а втората флавоноиди. Покрај тоа претставува и одличен извор на витамини Ц, А и К. Етеричните масла штитат од рак, особено од рак на бели дробови, а флавоноидите дејствуваат како антиоксиданти, врзувајќи се за слободните радикали и на тој начин го спречуваат нивното штетно дејство.
Добар извор е на фолна киселина која има важна улога за здравјето на кардиоваскуларен систем.
Одгледување
Се сее на почетокот од есента или рано напролет. Коренот е доста цврст и поради тоа одгледувањето е многу лесно. Треба редовно да се полева.
Консумација
Магдоносот е најдобро да се консумира во свежа состојба, со салати. Свежиот магдонос е подобар од сувиот. Испрскајте го со вода и затворете го во кесичка, па чувајте го во фрижидер за подолг рок. Можете и да го замрзнете, ќе го сочува вкусот но ќе ја изгуби крцкавоста.
Користете го во почесто бидејќи одговара со речиси сите јадења.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Летото е тука, а со него и желбата за ладни, шарени коктели. Без разли...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?