|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Во кои земји важи здравственото осигурување?

Редакција Рингераја, 4.7.2013
Пред патувањето во странство осигурените лица на ФЗОМ треба да се обратат во подрачната служба на ФЗОМ каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување, и да пополнат Барање (ПП1)

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Сите осигурени лица за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита со двојазичен образец надвор од територијата на Република Македонија во Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Под итна и неопходни здравствена заштита, како што се наведува во соопштението, се подразбира користење здравствени услуги чие пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија.

За таа цел пред патувањето во странство осигурените лица на ФЗОМ треба да се обратат во подрачната служба на ФЗОМ каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување, и да пополнат Барање (ПП1) за издавање на двојазичен образец за остварување на право на здравствено осигурување за време на привремен престој (приватно или службено патување, студиски престој, школување, стручно усовршување, престој во врска меѓународна – техничка, научна и културна соработка и слично) во една од наведените земји.

Кон Барањето се приложува потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар (општ и гинеколог за жени) и наод, оценка и мислење на лекарската комисија на ФЗОМ.

Двојазичниот образец на осигурените лица, информираат од ФЗОМ, им служи како привремена здравствена легитимација во земјата каде што патуваат и на основа на истиот осигурените лица на ФЗОМ се изедначени, во однос на правата и обврските, со осигурените лица на државата во која престојуваат.

Тоа значи дека на основа на двојазичниот образец осигурените лица на ФЗОМ ќе можат да користат итни и неопходни здравствени услуги и за истите ќе треба да платат само лично учество (партиципација), болнички ден или слично, доколку во законските прописи на земјата во која се престојува е предвидено истото. Во спротивно осигурените лица на ФЗОМ не подлежат на никакви трошоци за користените здравствени услуги, стои во соопштението.

 

Извор: ФЗОМ

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

АПЕЛ за помош за Андреј Стојановски
На малиот Андреј Стојановски, роден 01.08.2002 година, му е дијагностицирана ретка болест RETINITIS PIGMENTOZA, позната ...
4
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
ДЕТСКО КАТЧЕ на Скопје ВЕГЕФЕСТ
За клинци и клинцези, принцови и принцези, ДЕТСКО КАТЧЕ НА ВЕГЕФЕСТ со аниматори од Анима Мунди и најдобрите жонглери на...
3
Најден едвај ја преживеа тешката операција!
Најден, во текот на вчерашната операција на Клиниката за уво нос и грло, на секунда решил да здивне па така ги затворил ...
3




Анкета

dali da imam 2 dete
amela

jas veke mam 1 dete i sega ke napolni 1 godinka a mojot soprug saka uste edno dete so vasa pomos ke dojdam do tocen odgovor dali e vreme ili ne vi blagodatam

da (57%)

ne (22%)

ne znam (8%)

odluci si sama (13%)


Број на сите гласови: 86

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!