namesp во 10:12
Тамара Тодевска: Хана разбуди неверојатна љубов
Acibadem Sistina, 5.5.2016
На 29 април, во „Аџибадем Систина“, д-р Гордана Петровска го донесе на свет првото дете на Тамара и Александар. Денеска имавме чест да се запознаеме со гордите родители и малата Хана. Мама Тамара со многу чувства и емоции зборуваше за Хана, која вели е најубавото нешто што им се случило.
Како се чувствуваше пред породувањето?
Породувањето беше закажано за 29 април и само јас и мојот сопруг знаевме за тоа. Не сакавме да ги потресуваме и другите околу нас, затоа дури и не ми веруваа пријателите и семејството кога им соопштивме дека се роди Хана. Инаку да, бевме под голем стрес и возбудени, не спиев воопшто претходната ноќ, претпоставувам дека тоа е нормално, но, сепак, бев подготвена за тоа што ме очекува.
Како помина породувањето?
Морам да кажам дека уште од самиот влез во „Аџибадем Систина“ сите ми посветуваа многу внимание, не можам да се пожалам, се грижеа околу мене постојано. Посебно за време на породувањето, немам зборови колку прекрасен тим сте. Имав голема доверба во д-р Гордана Петровска, се опуштив и само го очекував моментот кога ќе се роди Хана. Докторката е прекрасна пред сè како личност, а потоа и како доктор. Имав прекрасно искуство со неа.
Што почувствува кога за првпат ја виде Хана?
Хана ја видов веднаш по породувањето. Како се чувствував? Тоа не се опишува, тоа може да го разберат само мајките. Неверојатна љубов.
Како се снаоѓаш во новата улога на мајка?
Па добро, со оглед на тоа дека тука имам голема помош од сите страни и поддршка во секое време од медицинските сестри, Александар е постојано тука, до мене. За Хана тука се грижи најдобриот педијатар д-р Душко Фидановски. Улогата на мајка допрва доаѓа, посебно кога ќе си дојдеме дома. Денеска ќе учиме како да ја бањаме Хана, мојата свекрва ќе биде тука деновиве, така што ќе имам помош. Имам искуство за некои работи од внук ми, но толку мало бебе не сум видела до сега. Другиот дел од моето семејство се настинати и овој период нема да доаѓаат, но потоа ќе ми помагаат сите. Морам да кажам дека Александар многу добро се снаоѓа во улогата на татко, постојано е тука, со мене, и ми помага.
Какво искуство беше бременоста?
На почетокот, во првите месеци не седнав, сè се случуваше некако набрзина, го извадив новиот албум, па три месеци се подготвував за концертот. Во петтиот месец од бременоста го остварив најголемиот сон за солистички концерт и сум многу горда на тоа. Имав распеана бременост и сè беше сосем нормално, затоа и јас така се однесував. Плус, за бременоста се грижеа две врвни докторки, д-р Лидија Черепналкова и д-р Гордана Петровска. Не забележав воопшто некаков проблем или да ми е посебно напорно, нон-стоп бев активна. Кога ги завршив сите обврски, настапи посмирен период и ништо друго не ме интересираше.
Дали ? пееш на Хана?
Цело време. Уште кога ми беше во стомакот. Заедно со неа го направив и концертот, а и сега кога се роди ? пеам постојано.
Тамара е голем поддржувач на доењето и со задоволство ужива во улогата на мајка. Среќните родители денеска заминаа во својот дом каде заедно ќе уживаат во растењето и грижата за Хана. Ова се нивните први заеднички фотографии.
Интервјуто е преземено во целост од
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...

Вежби кои со дозвола на лекар можат да се прават следниот ден по породувањето со цел да го вратат телото и организмот во...
