|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

srcence25: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 2.5.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/31


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: srcence25 

Датум на породување:  21.08.2010г. 

Тип на породување: Царски рез (епидурално)

Болница: во Охрид

 


31 Декември, дочек на Новата 2010г. Рано утрото направив тест за бременост, се појавија двете цртички кои ми го изменија животот, бев пресреќна, најсреќна на свет - ќе станам Мајка! Со сопругот веста ја споделив вечерта, нешто пред 12 часот, тоа беше најголемиот новогодишен подарок што можев да му го подарам! Беше пресреќен, полн со емоции! Двајцата со најголема радост во душата, неспоредлива со никоја друга до тогаш, ја дочекавме 2010г. Неколку дена откако открив дека сум бремена заминав во странство, на две неделен одмор кај блиски роднини! Си поминав преубаво, а тоа беше и првата прошетка на моето најмило кое штотуку започна да се создава во мене! Деновите поминуваа, а јас почнав со непрпение да очекувам да се вратам дома за да појдам на гинеколог. Се случи и тоа. Гинекологот потврди дека во тек е 8-мата недела од бременост, на малиот екран за прв пат го видов моето душиче, бев исполнета во себе со бура од емоции, го видов сопругот како очите му се насолзија кога за прв пат го слушнавме отчукувањето на срцето на нашето мало срценце! Ги добивме првите фотографии, иако сеуште не беше ништо јасно, сепак тие фотографии беа најубавто нешто што некогаш сме виделе!
Полека одминуваше времето, а јас со нетрпение го очекував запознавањето со нашето бебувче! Бременоста се одвиваше со некои потешкотии, висок крвен притисок, количинско губење на протеините преку урина,отеченост, анемична крв...но сето тоа брзо се заборава! Секогаш кога ќе појдев на гинеколог и кога ќе го видев малечкото срценце, ништо друго не ми беше важно, знаев дека се ќе помине! Беше немирно бебенце, постојано мрдаше в меше, играше, се вртеше, правеше најразлични акробации, но беше и срамежливо, не сакаше да се покаже:) Конечно, 7 месеци и 1 недела гинекологот потврди дека нашето најмило ќе биде Мала Принцеза!
Термин за породување ми беше 7ми септември, а краен термин 21 септември! Топлото време дополнително ги отежнуваше работите, но издржував, се до тоа утро...
21 Август, 04:30 ме разбуди силна болка во долниот дел на грбот, но одењето на психо-физички вежби за трудници многу ми помогна! Правилното дишење и неколку вежби ми ја олеснаа болката и се вратив во кревет! Мислев дека се некои припремни контакции бидејки рано беше за породување,само што започна 37-та недела од бременост. Меѓутоа истата болка ја почувствував и во 5:30, го разбудив сопругот, се припремив и отидовме на болница. Ме ставија на ЦТГ, и да, имаше контракции, вистински контракции околу 80-90. Докторката ми рече: ,,во следниве 24 часа ке имаме бебче! Се израдував, конечно ќе се запознаам со душичето кое неуморно мрдаше во утробата, ќе се запознаам со чудото кое ќе можам во вистинска смисла на зборот да го наречам - МОЕ! Не бев исплашена, само малку збунета! Одлучив да си одиме дома додека контракциите станат почести, иако докторката препорача да останеме! Прво се прошетавме покрај езерото со сопругот па заминавме за дома! Стигнав дома возбудена, ги прередив алиштата од бебето, беше рано доаѓањето на овој свет, па некои нејзини работи што не ми беа до средени успеав да ги средам, малку го средив и домот и легнав да одморам! Постојано ја чувствував таа болка но не беше честа! Во попладневните часови болката стануваше поинтензивна, но правилното дишење ја намалуваше! Во 15:00ч и се јавив на докторката дека болките стигнаа на секои 15 минути! Рече време е да одам на болница! Отидовме! Ми направи преглед и рече дека се е во ред! Ме ставија на ЦТГ, контракциите стигнуваа до 100! Ми го пукнаа водењакот, остануваше да чекаме! Првиот вагинален преглед бев само 4 прсти отворена, следнио 5,5, следниот 6,5 прсти! Но дојде до промена! Последниот преглед докторката рече дека бебчето со главчето како што туркало на долу дека го има пуштено и едното раче! Незнам дали се исплашив од тоа но и следниот пат бев отворена само 6,5 прсти, а контракциите стигнаа до 140! Со Докторката се одлучивме за Царски, со епидурална анестезија! Во 20:30 бев спремна за операција! Телото веќе не го чувствував од половината на долу! Го извадија моето срценце што девет месеци го носев под моето срце! Беше модро, ја исекоа папочната врвка, а јас вкочането гледав во беспомошното мало бебенце! -Честито- рече докторката-имаш ќерка! 

Сестрата рече: 3470гр, долга 53 см, се роди во 20:50ч. Ја забришаа и тогаш го слушнав првиот плач, гласот на моето чедо, најубавиот глас што сум го слушнала некогаш! Ја ставија на моите гради а јас неможев да издржам, плачев, прв пат плачев од толку голема, неизмерна, неопислива среќа, плачев од толку силни емоции кои се родија во мене заедно со мојата најмила ќерка, плачев гледајќи во тие мали очиња кои веднаш се отворија за да ја видат својата Мајка! Беше најмила, прекрасна, единствена, посебна...Тој момент е уникатен, се доживува еднаш, а се носи во сеќавање засекогаш!
Сега полека растеме...Денес е здраво, среќно и исполнето бебче кое ќе прави 8 месеци! Секој ден поминат со неа е посебен, среќен, исполнет!
Животот со неа навистина е поинаков, ја доби својата вистинска смисла! Гледам во нејзините очиња преку кои го гледам целиот свет, ја гледам нејзината насмевка без која не можам да живеам, ги гледам малите подадени рачиња пред кои целосно сум беспомошна...во НЕА гледам СЕ за што е вредно да се живее!

Рингераја и посакува среќно детство на ќерќичката на srcence25 !

 

Топ 10 породилни приказни


nadica: Мојата породилна приказна

Anushka: Мојата породилна приказна

Тања: Мојата породилна приказна

kikicka: Мојата породилна приказна

cecka: Мојата породилна приказна

ananikol: Мојата породилна приказна

AnnaMolly: Мојата породилна приказна

мичо: Мојата породилна приказна

Ели: Мојата породилна приказна

Palce: Мојата породилна приказна

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
4
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
4
miana: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
inana: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?