namesp во 10:10
Сите се бремени освен ЈАС!
Редакција Рингераја, 12.1.2015
Фрустрацијата од немањето бебе е антагонист на можноста за забременување. Можете да бидете насекаде – на вашето биро, во креветот со вашиот сопруг и фрустрацијата да се појави. Вашата пријателка е бремена. Тоа е тоа. Удирате во ѕид. Не можете повеќе!
Сте биле на три бебешки забави во последниот месец. Ставивте лајк на 20 слики од труднички стомачиња, “It's a girl” статуси и слики на Инстаграм во последните три денови. Се колнете дека ако видите уште една слика, ако прочитате уште еден статус, или ако слушнете уште една приказна, потполно ќе го изгубите умот!
Сите се бремени освен вас. Тие се во екстаза од среќа за претстојното мајчинство, а вие стоите на маргините, уверувајќи ги дека сте и вие среќна заради нив. Вие навистина сте среќни, но не можете да избегате од неподносливото чувство дека вие не сте бремена.
Дали не е иронично? Најубавите моменти од животот ги поминавте внимавајќи да не забремените. Посетувавте лекари, трошевте пари на контрацепција, на тестови за бременост, се и се само да не видите две црти на тестот за бременост.
Сега, бременоста е единствената работа за која мечтаете. Секој месец планирате, правите распоред на вашите сексуални активности во зависност од овулацијата. Прочитавте безброј статии и ги прифативте сите совети на искусните жени, без оглед на тоа колку звучеа лудо, за резултатот да се прикаже преку две вертикални линии. Но колку и да е голема вашата желба, колку и да ви извира најдлабоко од срцето, повторно добивате период. Нема бебе за вас. Наместо тоа, добивате тага, лутина и фрустрација која ќе ви прави друштво најмалку уште еден месец. Бременоста не е блиску.
Како може на сите да им биде бременоста лесна, а вие да се борите месец по месец.
Па тука доаѓа и нападната свекрва, оставајќи коментар: “Слушна? Таа и таа била бремена. Мајка и е толку среќна што ќе добие внуци.” Како вие да погрешивте некаде затоа што не можете да зачнете. Добро госпоѓо! Разбрав! Што сакате да направам?! Еве секој месец се обидувам.
И додека тие можеби не се свесни за тоа што го прават, ви прават уште полошо со нивните одвратни изјави. Вие веќе се убивте самите себе за да добиете бебе и не ви треба некој да го истрела последниот куршум.
Знаете, тоа е како кога сакате да купите некој автомобил и тогаш на улица ќе помине баш таков автомобил. Потоа ќе го гледате насекаде низ градот! Желбата да се има бебе во основа е иста. сжСамо наместо на улица, тоа е Инстаграм. И кога скролам низ сите труднички стомаци, чувствувам како нешто да ми удира во стомакот. Нема застој од бремени жени!
Ваквото бомбардирање само ги засилува моите чувства на љубомора. Оваа љубомора потоа доведува до лутина. Не сакам повеќе да бидам во нивна близина, ниту да им честитам.
Овие емоции ве доведуваат до едно застрашувачко крешчендо. Се наоѓате себеси како се расправате со вашиот сопруг за тоа кој е виновен. Тој мора да го намали кофеинот. Лути сте и на вашата сестра. Дали мора да ви го раскажува баш секој детал од бременоста?! Доста ви е од бебешки забави. Не сакате повеќе да воздивнувате над бебешки алишта. Ќе престанете да бидате пријател со сите кои имаат деца. Нема за што да разговарате со нив повеќе. Почнувате да ја избегнувате свекрвата.
Да, ништо од ова нема да направи да се чувствувате подобро. Всушност, се чувствувате полошо. Чувството се враќа повторно и повторно. Треба да бидете среќни за нив. Не се тие виновни што вие немате деца. Дали ќе сакате некој да се радува заедно со вас кога ќе имате бебе?
Читајќи го ова знаете дека не сте сами. Знаете дека вашите чувства се нормални и дека и некој друг се чувствува така. Ако сакате да ги избегнете бебешките забави еден месец, направете го тоа. Направете си да ви биде полесно. Вие сте само човек. Работите се случуваат и ние не знаеме зошто. Единствената работа што можете да ја направите е да ја контролирате болката и да го чекате денот кога двете цртички ќе ви ја донесат најголемата радост во животот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Забременувањето е процес - и може да потрае многу подолго отколку што сте замислиле. Но, само затоа што честопати трае с...

Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...

Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...

Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
