Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Секоја работилница и презентација имаат за цел да ве поместат ментално и физички од точката на секојдневието, неутралноста и обичното.
Покрај големиот број на исклучителни изложувачи, оваа година програмата е значително збогатена и структуирана во три теми - ДИЗАЈН, МОДА И ПАТУВАЊА, распоредена во шест различни катчиња низ фоајето на МОБ.
На главната сцена, посетителите ќе имаат прилика да учествуваат и во бројни презентации и да дознаат мноштво нови информации од најразлични области, вклучувајќи работилници за архитектура, дизајн на мебел, рачно изработен накит, модно блогирање, модни аксесоари, кристали и камења, патувања, вински туризам, промоција на книга...
Вечерниот период, истата оваа сцена ќе изобилува со разновидни настапи од забавен тип: одлични бендови и музика во живо, ултра ретки и провокативни модни ревии, пијано концерт и невообичаен моден перформанс, па се до дегустации на вино и жестоки пијалоци.
Food Corner-от пак во текот на сите три дена ќе нуди бесплатна дегустација на морска храна од 17:15 часот (до истрошување на количините).
F&L Café, Creative Hall (гардероберот), Beauty Bar и Gallery се дел од новитетите на овогодинешното издание.
F&L Café е местото каде од 15 до 19 часот ќе можете да уживате во добро кафе, да прочитате и освоите одлична книга, да уживате во вкусно, рачно изработено чоколадо, да ги дознаете благодетите од чистата филтрирана вода и тајната во приготвувањето на природните чаеви. Како изненадување ви најавуваме промоција и потпишување на книга со најпродаваниот македонски автор и шоумен.
Creative Hall е резервиран за интерактивни, креативни работилници, каде ќе можете да декорирате со декупаж техника и да креирате уникатни предмети и накит, да ја играте првата македонска друштвена игра, обичната, клот маичка да ја претворите во уникатна!, да погледнете модна фотосесија, да откриете супер-кул алатка за вешто да го организирате и планирате времето, да ги откриете можностите со иновативните модуларни велосипеди, да ги дознаете од прва рака тајните на природата и органската козметика и да влезете за момент во светот на астрономијата. Очекувајте го отворањето на пријавите за учество, бидејќи ова е навистина ретка можност за бесплатно учество и лична комуникација со наши докажани креативци.
Beauty Bar е катчето кое несомнено ќе му го одземе вниманието на понежниот пол. Трите дена посетителите ќе имаат можност да ги дознаат најновите трендови, техники и триковите при шминкањето, но исто така, и во живо да ги проследат hair & make up подотовките за ревиите на 29ти и 30ти март.
Fashion & Lifestyle Expo во поддршка на талентираните фотографи, уметници, дизајнери и скулптори овој пат ќе ја отвори галеријата во МОБ, која ќе биде пренаменета во изложбен простор отворен за сите посетители.
Целосната порграма, изведувачите и саатниците можете да ги погледнете тука.
Следете ги фан страната и настанот на Facebook за да бидете во тек со сите информации околу предавачите, работилниците и како да се пријавите и да го резервирате вашето место за истите.
Одиме #воншаблон!
забава Бремените
Автор: bobik
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Превентивни прегледи за жени – што, кога и зошто?
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижа...
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?