|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што се` знае новороденчето?

Редакција Рингераја, 13.3.2015
Бебето излегува од стомакот со замаглени очи и збунето се обидува да сфати каде е. Повеќето луѓе претпоставуваат дека тукушто родените бебиња се како празен лист хартија и немаат сознанија за светот. А што би можеле да знаат, се прашувате и вие?
Клучни зборови:

image
Што се знае новороденчето?
/11


 

Што се' знае новороденчето? - 1 дел

 

Што се броеви

 

Иако ќе се изначекате додека вашето дете научи да брои до десет, сите бебиња доаѓаат на свет со одредени поимања на броеви и апстрактни концепти. Тоа значи дека тие разбираат дека седум предмети не се исто што и два, без оглед на тоа за кои предмети станува збор. До неодамна се сметаше дека човечките битија не се раѓаат со поседување на поимот за броевите, туку дека истиот го учат.

Тоа може да се утврди ако се набљудува дали бебињата можат да воспостават врска меѓу седум предмети кои ги гледаат и седум звуци кои ги слушаат. Вероник Изар со колегите од Харвардскиот Универзитет зела шеснаесет бебиња стари од 7-100 часа и им пуштала снимен материјал во слогови кои се повторуваат одреден број пати, на пример “ба ба ба ба”, а во исто време му покажувала кругови и квадрати на екранот. Понекогаш бројот на предмети се поклопувал со бројот на слогови, а понекогаш не, но бебињата како да ја воочувале сличноста и тогаш подолго време гледале во екранот.

 

Како го изведуваат тоа? Неодамна во неколку испитувања на животни и луѓе, воочено е дека во човечкиот мозок се наоѓаат специјализирани ќелии, таканаречени неврони акумулатори, кои се вклучуваат на група на предмети – значи, колку повеќе предмети гледате, толку повеќе ќелии се активираат.

 

 

Што е движење и раздалеченост

 

Замислете дека наеднаш сте фрлени во големиот свет. Во еден момент скоро ништо не гледате, а потоа одненадеж ве шокира светлина, различни битија, предмети и движења. Меѓутоа, новороденчето како да има одредено предзнаење за тоа на што треба да обрне внимание, додека го набљудува светот околу себе. За почеток, бебињата сфаќаат дека е важно движењето. Мрдајте некоја играчка ваму-таму пред носот на новороденчето и тоа ќе ја следи со поглед. Испитувањата во кои се следени движењата околу новороденчето, покажуваат дека тоа посветува повеќе внимание на цртите на предметот, отколку на неговата внатрешност.

 

Но, бебињата сфаќаат дека и тие треба да се движат нанапред, кога предметите се движат покрај нив. Дали ви е познато она чувство кога седите во вагон, а возот до вас почнува да се движи? За момент имате чувство дека вашиот воз тргнал – и затоа веројатно ќе се навалите нанапред ако стоите. Слично се случува и ако го ставите новороденчето во просторија во која предметите можат да се движат, а подот мирува. Иако бебето не се помрднува, кога некој предмет ќе почне да се движи накај него, тоа инстиктивно ќе ја повлекува главата наназад.

 

Слично на ова (а можеби и заради тоа) новороденчето сфаќа дека предметот кој се приближува расте – што се нарекува постојаност на големината. Замислете да ви покажат коцка, а потоа истата коцка да ви ја покажат од два пати поголема раздалеченост. Веројатно ќе увидите дека станува збор за истата коцка, иако изгледа за два пати помала од првата. И новороденчето го сфаќа тоа. Алан Слејтер и неговите колеги од Универзитетот Ексетер во Велика Британија, им покажале на бебиња стари два дена мала и голема коцка на различна раздалеченост од нивните очи. Бебињата повеќе ја гледале коцката ако не се вклопувала во ова правило (ако малата била поблиску па изгледала поголема, а големата била подалеку, па изгледала помала), што говори дека забележувале дека нешто не е во ред.

 

Продолжува...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Видео: Кунг-Фу бебе!
Видео на денот - насмејте се до солзи со ова кунг-фу бебенце
5
Добра хигиена, добро здравје за Вашето бебе
Стерилизирањето на шишињата, цуцлите и останатиот прибор за хранење на Вашето бебе е неопходно и задолжително особено во...
4
Ѕвезда на бебе календар за 2021 година - ...
Нека срцето забрзано чука, бидејќи јунската ѕвезда е тука!
4
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?