Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Доколку сакате да ги исфрлите сите нездрави грицки од животот, време е да се преориентирате кон една многу поздрава варијанта–варена пченка.
Нутриционистите ја препорачуваат варената пченка како додаток на секој оброк, а покрај многу позитивни придобивки кои ги нуди, првенствено е нискокалорична.
Поради изобилството на растителни влакна, варената пченка претставува одличен појадок. Таа го забрзува метаболизмот и го снижува нивото на лошиот холестерол.
Особено добра е за оние кои страдаат од болки во желудникот, бидејќи ги ублажува симптомите на гастритис и чир, а значително ги намалува киселините.
Богата со витамин Б, варената пченка придонесува за намалување на нивоата на хомоцистеин во крвта кои ги оштетуваат крвните садови, па редовното јадење на варена пченка го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар.
Истражувањата покажуваат дека варената пченка, исто така, ја спречува анемијата, ја ублажува болката во мускулите, ја ублажува депресијата, ја подобрува концентрацијата и го зајакнува нервниот систем.
За разлика од поголемиот број продукти коишто ги губат повеќето здрави состојки во текот на готвењето, кај пченката се губи само витаминот Ц, но за сметка на него истовремено се ослободуваат и антиоксидантните молекули, со што се зголемуваат неговите позитивни придобивки на исклучително здрав производ.
Па не чекајте многу, уште денес сварете си пченка.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја следите овулацијата во домашни услови?
Следењето на овулацијата дома може да им помогне на жените подобро да ...
Што се случува со бебето во првиот месец од животот?
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. ...
Близнаците се едно од најинтересните чуда на природата. Тие настануваа...
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на к...