|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Предраг Павловски - македонскиот Саваш Балдар

Барбара, Редакција Рингераја, 13.3.2012
Со Предраг Павловски говориме за семејството, кариерата, бракот и секако за Саваш Балдар - ликот кој ги освои женските срца преку неговиот глас

image
/11


 

 

Ако ги знаете претставите "Снежана и седумте џуџиња", "Оревокршачката", "Малиот принц", "Крале Марко","Македонска магија", "Пуп и Пап", "Убавицата и sверот"... од Театарот за деца и младинци сигурно го знаете и Предраг Павловски. Отсекогаш го нарекуваа “миленик на жените и децата”, а сега тоа го почувствуваа и жените од цела Македонија, кои го идентификуваат со омилениот јунак во турската серија “Љубов и казна” – Саваш.

Со Предраг говориме за животот, бракот, семејството и секако за Саваш кој ги освои срцата на жените преку неговиот глас.

 

Рингераја:

Својот стаж како актер, во најголемиот дел го поминавте во Театарот за деца и младинци. Дали сметате, како и повеќето актери кои работат во театарот, дека тука не може да се доживее актерски врв и не може да се стане којзнае колку популарен. Или пак сте од оние кои сметаат дека ја имаат најблагородната професија да играат пред децата, кои се најискрената публика?

 

Предраг Павловски:

Старо непишано правило е –популарноста на еден артист се постигнува за среќа или несреќа само преку телевизија или филм.Можеш колку сакаш да играш во театар, да оствариш навистина добри улоги, пошироката публика ќе те знае само ако си присутен на телевизија или на големиот екран. Сметам дека и јас не сум исклучок од ова правило.

 

Рингераја:

Знаеме дека театрите во Македонија, генерално, се во прилично лоша состојба. Во кој театар, од светски размери, би сакале да работите?

 

Предраг Павловски:

Нема конкретно некој театар од светов во кој би сакал да играм. Можам  да кажам дека би сакал да играм во еден среден театар со средени меѓучовечки односи, со убава и функционална сцена, со убаво и звучно гледалиште, со талентирани колеги, со бројна публика, со убав и осмислен репертоар...Можеби ова е утопија, но за такав театар јас сонувам, а слободно можам да кажам дека мојот театар моментално поседува доста од овие работи што претходно ги набројав.

 

Рингераја:

Со Вашата сопруга, Тања Кочовска, работите заедно во театарот. Дали сметате дека тоа е предност или недостаток? Како е да бидете нон-стоп заедно со брачниот другар и дали препорачувате да се избегнуваат вакви понуди за работа, доколку се има можност?

 

Предраг Павловски:

Препорачувам да се избегнуваат вакви работи доколку има можност. Се разбира има и мани и предности заедничката работа, но сепак мое мислење е дека доаѓа до заситување меѓу партнерите и на професионален и на приватен план. Можеби и затоа во последните престави во театарот гледаме да не бидеме во иста престава двајцата, се разбира ако е тоа можно.

 

Рингераја:

Работите на синхронизирање на турски серии.  Дали оваа наезда на турски серии ќе спаси повеќе актери од ситуацијата во која се наоѓаат, работејќи за плата во театрите? Дали за познат и признат актер претставува предизвик да синхронизира серија, или актерите тоа го прават од немајкаде?

 

Предраг Павловски:

Пред се', не треба да се занемари финасискиот ефект од целата работа. На сите нас артистите доста добро ни доаѓа дополнителната работа. Од друга страна, зборувам во свое име, мене ми преставаува и забава, а и задоволство работењето на сихронизација на тие серии. Сметам дека е тоа еден, не така лесен, артистички занает кој изискува и труд и посветеност па ако сакате и своевидна дарба.

 

Рингераја:

Го синхронизиравте Полат од  “Долина на волците” , а Вашиот глас стана најомилен меѓу жените, бидејќи ја допира душата на Саваш од “Љубов и казна”. Дали сметате дека е среќа да ги добивате главните ликови, или кај Вас е препознаена способноста за идентификување со ликот чиј глас сте?

 

Предраг Павловски:

Јас не ги бирам ликовите што ги работам. Ме  бираат мене продуцентите на телевизијата, веројатно сметајќи дека тоа добро ќе го направам. Без  лажна скромност мислам дека на доста ликови од овие серии  со нашите гласови им дадовме дополнителен шарм, шмек и душа.Сметам дека гледачите би се разочарале кога некој, поготово од главните ликови, би го слушнале со неговиот изворен глас.

 

Рингераја:

Дали повеќе Ве привлекува статусот и финансиските можности на Саваш, или жените кои се “вртат” околу него? Која од нив Ви се допаѓа најмногу?

 

Предраг Павловски:

Тука веќе не би можел да се одлучам-помеѓу статусот и жените,ха,ха,ха...не знам можеби сепак би се одлучил за жените. Најмногу ми се допаѓа Јасмин а по неа Назан.

 

Рингераја:

Со Тања сте “брат и сестра” во “Љубов и казна”, Тања ни го носи ликот на Назан, а Вие сте нејзиниот брат Саваш. И тука сте заедно. Дали сметате дека е добро што и овие патишта Ви се испреплетуваат?

 

Предраг Павловски:

Ние снимаме одвоено. Сам по сам. Не постои некое чувство дека нешто заедно работиме.Сосема поинаку е кога работиме иста престава во театар. Тогаш се случува да има и заеднички сцени, некогаш и да си бидеме и директни партнери. А во сихронизациите тоа не случај, воопшто немаме допирни професинални  допири.

 

Рингераја:

Не ги замислувавме Турците како мачо типови. Во нашата претстава беа сериозни и строги  мажи, со големи мустаќи, кои го имаат главниот збор, кои не знаат за љубов и страдање. Турските серии ни покажуваат сосема нови погледи за нив. Тие се вљубени мажи, кои слушаат одлична музика, пијат виски и страдаат заради љубовта.  Дали сметате дека турците ја исфрлиле традицијата, или тоа е само маркетиншки трик?

 

Предраг Павловски:

Таа престава што ја имаме мислам дека се однесува за некое нивно минато и некое наше предзнаење за нив. Мислам дека и тие како и другите народи отидоа доста напред , доста имаат современ поглед на животот, така да тоа се одразува и во нивните серии. Исто така сметам дека во нивните подобри серии тие вешто го испреплетуваат минатото со сегашноста или поточно речено старото конзервативно со новото современо.Добар пример според мене е токму серијата Љубов и казна.

 

Рингераја:

Дали мислите дека тоа што не синхронизирате заедно со Зорица Панчиќ (Јасмин) е недостаток?

 

Предраг Павловски:

Не сметам дека е недостаток. Сцените што ги имам со неа, осбено љубовните мислам дека звучат доста добро иако никогаш не сме снимале заедно, во исто време.

 

Рингераја:

На крајот од денот, од напорната работа, од проблемите и обврските, единствено нешто што ни нуди мир и спокој, е семејството. Дали го мислите тоа? Дали семејството го ставате пред се' и над се' во животот?

 

Предраг Павловски:

Би требало да е така. Не само за моето семејство тука за секое семејство воопшто. Сметам дека семејството е битно пред се заради децата и нивното правилно и нормално развивање во нормални луѓе. За жал во животот не е секогаш така, но мислам дека во денешно време е голема работа и доблест да се сочува и одржи едно семејство со оглед на секаквите  препреки што се појавуваат. Им се восхитувам на среќните и задоволни семејства. Можеби во нив лежи и некој единствен смисол на животот во овој не така секогаш убав свет.

 

Рингераја:

Дали вреди да се гледа “Љубов и казна” до крај?

 

Предраг Павловски:

Мислам дека вреди.Можам да кажам дека ќе следуваат уште интересни пресврти, случки така да вреди да се седи покрај телевизорот и да се следи оваа серија.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
5
Се ожени најпосакуваниот ерген Дејан Лилиќ!
Сакаш ли да ти бидам маж? - и поставил прашање Дејан Лилиќ на својата девојка Љубица. ДА - одговорила таа. Девојки, Деја...
4
Интервју со Бени Шаќири: Редовно менувам п...
Бени Шакири помалку спие, но вистински ужива во улогата на татко, која ја има веќе еден месец. Во ова интервју, тој откр...
4
6 совети за убавина за време на бременоста
За време на бременоста, телото претрпува многу промени. Ова секогаш влијае на кожата, што бара промена на вашите дневни ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?