|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подигнување на свеста за рак кај децата

www.rak.mk, 17.9.2011
Септември е месец за подигање на свеста за ракот кај децата. Многу луѓе не се свесни дека ракот може да ги нападне и децата, а уште помалку знаат дека постои месец за подигање на свеста за ракот кај децата.

image
/11


 

CURE Childhood Cancer е организација, која спроведува многу активности за борба против ракот кај децата. Активностите на оваа организација се состојат во собирање на парични средства за подршка на научните истражувања. Од своето постоење, па сè до денес, оваа организација има собрано повеќе милиони долари, кои се донирани за нови истражувања за ракот кај децата. Воедно, организацијата овозможува и едукација и поддршка на пациентите и нивните семејства.

CURE Childhood Cancer е основана во 1975 година. Од своето основање, таа ги фокусира своите напори за подобрување на грижата, квалитетот на живот и стапката на преживување на децата со рак. Основачите, родителите и групата онколози, ги здружиле своите сили за поддршка на лабораториските истражувања, кои ќе им овозможат подобра терапија на децата со рак.

Оваа година, во текот на месец септември, CURE Childhood Cancer планира нова иницијатива за подигање на свеста за ракот кај децата., наречена „Conquer Cancer One Day At A Time“. Секој ден, на веб страната на CURE Childhood Cancer ќе се објавува вистинска приказна на едно дете од големата фамилија на организацијата. Некои од децата, чии раскази ќе бидат објавени, во моментов водат битка со ракот, некои од нив се деца кои ја завршиле терапијата за рак и се живи, а некои се деца, кои ја изгубиле својата битка со ракот, но кои ќе бидат запаметени и секогаш сакани. На овој начин, организацијата планира да собере најмалку по 1.000 долари секој ден, во текот на месец септември. Овие пари ќе бидат донирани за нови истражувања, кои ќе доведат до развој на подобри третмани и лекози за ракот кај децата.

CURE Childhood Cancer, исто така, им дава поддршка на семејствата кои имаат дете болно од рак, давајќи им утеха и парична помош.

Малигните тумори во детската возраст се ретки. Тие претставуваат 1% од сите малигни неоплазми кај човекот.

Малигните тумори во детската возраст се разликуваат од оние кај возрасните по тоа што се брзорастечки и агресивни тумори, но подобро реагираат на стандардните терапии, посебно на хемотерапијата.

Малигни тумори во детската возраст се:

  • леукемии - 30%,
  • мозочни тумори - 18%,
  • лимфоми - 14%,
  • нефробластом - 9%,
  • невробластом - 6%,
  • рабдомиосарком - 5%,
  • коскени тумори - 5%,
  • ретинобластом - 2%,
  • карцином на црн дроб - 1%,
  • други малигноми – 11%.

Леукемијата е најчесто малигно заболување кај децата. Таа учествува со 30% од сите случаи на рак во детската возрат. Во Македонија драстично е зголемен бројот на заболените од акутна леукемија. Сличен тренд е забележан и во некои други балкански држави. Бројот на заболените од акутна леукемија во земјата е зголемен дури за 50 % во однос на претходните 10 години, кога биле пријавувани по 30 случаи годишно.

 

 

Извор: www.rak.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најдобрата мајка на светот!
Ако можев да ја бирам својата мајка, ќе те изберев тебе – рече мојата 9-годишна ќерка. Тоа е толку слатко. Но зошто? Бид...
4
Дали да им помагате на децата со домашните...
Колку често им помагате на децата со домашните задачи? Некои родители веруваат дека ако не го контролираат процесот на п...
4
Социјализација на децата од предучилишна в...
Вашето дете ќе има многу големи можности за добра комуникација со останатите деца на различна возраст доколку ги следит...
3
Тест: Како да препознаете мал генијалец?
Ако Вашето дете има вонсериски потенцијали, овој тест ќе Ви помогне да ги препознаете. Секое дете има посебни, само нему...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?