Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Некои денови сум убедена дека спаѓам во најлошите мајки на светот. Не мислам дека спаѓам во оние мајки кои физички и емотивно ги повредуваат своите деца. Тоа е друга категорија. Можеби не сум лоша, но не спаѓам ни во совршените мајки.
Викам по моите деца наутро да побрзаат, бидејќи ќе задоцнат за на училиште. Им велам дека нема да ги сакам ако не престанат да трчаат како лавови околу масата. Вртам со очите, кога шестоодделенката ќе се сопне и ќе падне на подот. Го губам трпението кога заспивањето на најмалото дете трае со часови.
Затоа не ме прогласувајте за најдобра мајка.
Но сепак изберете ме.
Изберете ме бидејќи не се плашам од пајаци, од качување по планини, или од повреда на коленото. Паѓањето не ме плаши, бидејќи носи самодоверба и храброст. Можам да ви држам часови за тоа како да бидете храбри, но исто така мора да знаете дека е во ред да побарате помош, да ги знаете сопствените граници, но исто така и да бидете подобри од останатите.
Изберете ме бидејќи знам да возам скејтборд, ролер скејт и ролери. Сакам да одам на кошаркарски натпревари, не само заради хот-догот и пивото. Сакам да те гледам како играш фудбал и да го видам тој скаменет израз на лицето кога ќе ти дадат гол.
Избери ме бидејќи секогаш ќе те држам за рака. Кога напушташ едно место и одиш во друго, кога излегуваш од лош, а влегуваш во добар бизнис. Ако имаш кој да те држи за рака, се е поинаку.
Избери ме бидејќи секогаш ќе ти ја кажувам вистината. Но не некоја сурова вистина која ќе ти го повреди срцето. Ќе ти ја кажувам вистината, кога ќе сакаш да ја слушнеш, дури и кога е болна, дури и кога е брилијантна. Вистината е како дрога: на некои луѓе им треба цела доза вистина, а кај други делува депримирачки. Најди ја средината меѓу кажувањето и примањето на вистината.
Избери ме бидејќи знам да се наместам кога ќе сакаш да легнеш на моето рамо и да заспиеш. Знам како да те бакнам и како да ти посакам добра ноќ.
Избери ме бидејќи секогаш ти подготвувам свеж оброк. На тој начин те сакам.
Избери ме бидејќи верувам во чуда. Бидејќи сум перфекционист. Бидејќи мразам да правам грешки. Јас се обвинувам себеси кога некој од вас се чувствува лошо и сочувствувам со вашата тага.
Да, изберете ме мене, бидејќи не постои никој друг кој ве познава подобро и кој ве сака повеќе. Јас сум најдобрата мајка на светот, се додека можам да бидам ваша мајка.
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Дохраната е возбудлив момент за секој родител бидејќи бебето започнува...
Среќата не е нешто што ќе ни го подари некој друг, ниту нешто што ќе с...
Како родителството ја менува динамиката на врската?
Станувањето родители е еден од најголемите пресврти во животот на една...
Влијанието на исхраната врз имунолошкиот систем
Имунолошкиот систем е нашиот „телохранител“, сложен механизам кој не ш...
Тампони, влошки, менструална чашка
Секој месец, жените се соочуваат со исто прашање: кој е најудобниот и ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?