Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Тргнувањето во јасли е голем чекор, како за детето, така и за родителите. Но, важно е да знаете дека сите чувства кои ве плашат кај вас и кај детето се нормални и дека низ дилемата “дали правилно постапив”, поминува скоро секој родител.
Фактот дека детето морате да го запишете во јасли, обично уште повеќе загрижува, бидејќи детето е мало. Доколку навистина немате избор, па јаслите се единственото решение за вашето дете, тогаш погрижете се подготовките да поминат во најдобар ред. Тргнете храбро во авантурата наречена детски јасли!
Адаптација на јасли и градинка
Зборот кој многупати ќе го слушнете од воспитувачите во текот на првите денови од престојот во градинка е адаптација. Што е тоа всушност?
Адаптација е процес во тек на кој детето се прилагодува на новиот простор, на луѓето, децата и ритамот на живот во јаслите или градинката. Наместо родителите, детето мора да ги прифати воспитувачите, мора да престојува меѓу поголем број деца во нов простор и да прифати нов ритам на спиење, нега и хранење. Тешко му е и затоа се буни. Може да го промени своето однесување, да престане да јаде, да спие, да биде нервозно и плачливо, а можеби и агресивно. Важно е да се знае дека сето тоа е нормална и минлива состојба.
Кога ќе помине периодот на адаптација, со какви пропратни манифестации и колку ќе трае, зависи првенствено од карактерот на секое дете, но и од ставот на родителите кон институцијата во која детето престојува. Во принцип, не би требало да трае повеќе од еден месец. Кај некои деца негодувањето може да се појави подоцна. После воодушевувањето, може да настапи период на промени во однесувањето. Тоа е карактеристично за постарите деца, кои се во градинка.
Тргнувањето на детето во јасли и градинка сфатете го како предизвик. Подгответе се преку разговори со други родители и со читање на литература. Разговарајте со детето за престојот во градинка , шегувајте се и смејте се на случките. Искористете ги сите извори на повратни информации за тоа како детето го поминало денот во градинка. Имајте доверба во воспитувачите и покажете го тоа отворено. Прашајте ги за совет и не се срамете од своите грижи. Немојте да се обвинувате себеси за промените во однесувањето на детето. Се ќе помине брзо и мирот повторно ќе се врати во вашиот дом и во вашите срца.
Среќно!
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...