Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Нејзините уникатни рачни изработки од природни материјали може да ги погледнете на нејзиниот Инстаграм профил
Идеални за подарок или едноставно за да го красат вашиот дом.
Благодарност до Милица за прифатената покана.
Рингераја: Милица, здраво. Како се роди идејата за еден ваков бизнис?
Милица: Пред се ти благодарам за поканата.
Сликарството е мојата примарна професија повеќе од 25 години. Покрај платното, дрвото исто така ми било подлога за изразување на мојата креативност. Секогаш сум експериментирала со материјалите, и сум барала начин како да ги вклопам во уметност, да создадам нешто ново. Она што најмногу ме инспирира е природата, староградската и селска архитектура, па така спонтано се роди идеjата за создавање на овие минијатурни куќички од дрво.
Рингераја: Кој стои "позади" истиот?
Милица: Милица Џикова, дипломиран сликар со конзервација и реставрација.
Милица: Она што ги карактеризира моите изработки е тоа што не се стереотипни. Немам готов шаблон по кој се водам, па така секоја куќичка претставува една нова композиција на еден уникатен и неповторлив начин.
Рингераја: Потребна ли беше некаква едукација, обука и сл. за да го работите ова?
Милица: При самиот процес на изработка не користам комплексни машини. Секако дека е потребен алат со кој ќе ја обликувам формата која сакам да ја добијам, но тоа не е сложена постапка за која ми беше потребна некаква едукација.(но секако треба претпазливост). Мојата идеа е што помалку да го обработувам дрвото и да ја задржам неговата природна форма, а останатиот дел од создавањето е препуштено на имагинацијата.

Рингераја: Вашите производи се уникатни на нашиот пазар. Колку сте задоволни од заинтересираноста на потрошувачите?
Милица: Позитивно сум изненадена од побарувачката и реакцијата на клиентите. Ме радува што луѓето се повеќе го препознаваат квалитетот и уникатноста на производот во кои е вложено големо внимание и љубов.
Рингераја: Што е најпопуларно и најбарано? Дали креирате изработки по нарачка и со конкретни барања од клиентите?
Милица: Најбарани се куќичките кои претставуваат еден сегмент од некој град кој е препознатлив по неговата архитектура. Изработките најчесто се по нарачка, и желба на клиентот. Крајниот исход е она што ме мотивира да продолжам понатака.
Рингераја: Колку од ваше искуство социјалните мрежи се корисна алатка за работење? Стигнувате ли лесно до потенцијалните потрошувачи?
Милица: Засега моите изработки можете да ги видите на Facebook и Instagram профилот(Mimart). Користењето на социјалните мрежи сметам дека се од голема олеснителна околност за промовирање на она што го работите, каде лесно се поттикнува врската помеѓу луѓето на еден побрз и подиректен начин.

Рингераја: Кога би го започнале својот бизнис денес, кој совет или научена лекција би си го нагласиле? Што би препорачале на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?
Милица: Верувајте во себеси. Бидете конзистентни, храбри, страстни во она што го работите. Добрите идеи се само оние кои ќе ги реализирате. Се додека верувате во сопствените идеали успехот нема да биде недостижен.
Уште еднаш и благодариме на Милица и и посакуваме многу успех и понатаму.
А вие драги читатели не заборавајте да го заследите нејзиниот профил.
5
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Цел ден за себе, одмор за умот и телото
Цел ден само за себе е ретка можност да се поврземе со нашите мисли, ж...
10 совети за нега по појава на првото запче кај бебето
Појавата на првото запче е важен момент во развојот на бебето. Иако е ...
Женското здравје претставува комплексен и важен дел од целокупното здр...
Како хормоните го контролираат процесот на зачнување?
Хормоните го регулираат менструалниот циклус, овулацијата и создаваат ...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?