|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Планинарење-спорт и уживање во природните убавини

#СакамСпорт co Allga San, 7.4.2015
Без разлика дали зборуваме за качување до врвот на Водно или околината на Берово, предизвик како Кораб или Солунска глава, или пак уживање во недопрената природа на мијачкиот крај, планинарењето е одличен начин да го поминеме денот во природа

image
Планинарете со Allga San
/21


 

Во прилог се неколку совети за планинари-почетници, како и за сите други кои сакаат да дознаат нешто повеќе за предностите, ризиците и задолжителните работи поврзани со овој феноменален спорт.

  1. Планирајте однапред! Пред да тргнете да планинарите, подгответе се добро. Планирањето однапред ќе Ви помогне да бидете побезбедни, да бидете сигурни дека ништо не сте заборавиле, а со тоа и повеќе да уживате во самото планинарење.
  2. Набавете добра опрема, пред с? – добри чевли! Чевлите за планинарење не мора да се некои скапи чевли, но треба да бидат удобни, а воедно треба да се направени од водоотпорен материјал, на пример GoreTex.
  3. Не поаѓајте без доволно вода и храна. Резервите вода се исклучително важни, затоа треба да носите најмалку 2 литра вода од човек! Што се однесува до храната, покрај тоа што е препорачливо да понесете храна богата и со протеини и со влакна, како и свежо овошје, спакувајте и „ужинка“ (енергетски плочки и сл).
  4. Внимавајте што ќе спакувате – пакувајте умно! Секогаш внимавајте да не носите премногу работи, но земете некои основни работи: мало пакување за прва помош, извор на оган - за секој случај, а најдобро е на мобилниот телефон да имате и GPS. Секако, не заборавајте дополнителна облека, за да можете да се пресоблечете откако ќе се искачите.
  5. Проверете ја временската прогноза! Ова е една од суштинските работи која треба да ја направите пред да појдете.
  6. Дознајте се за местото каде што ќе одите. Информирајте се за теренот, патеките, колку е лесно или тешко да се искачите до некаде, колку тоа ќе трае, дали има по пат вода која е безбедна за пиење и сл.
  7. Никогаш не одете сами – планинарењето е групен спорт, плус, планинарењето во друштво е секогаш позабавно. Задолжително кажете некому каде точно планирате да одите, за да можат да Ве најдат во случај нешто да се случи (на пример доколку залутате J).
  8. Загрејте ги мускулите пред да почнете со качување. За подобро загревање употребете Allga San Мобил гел, кој ќе допринесе за подобра искористливост на мускулите и ќе го намали собирањето на млечната киселина во нив, односно ќе го намали ризикот од мускулно воспаление.
  9. Внимавајте каде стапнувате. Доколку не сте внимателни, камењата, корењата и други препреки можат да Ве сопнат и да предизвикаат сериозни повреди.
  10. Секогаш поставете го најбавниот планинар во групата да оди напред, и прилагодете го темпото на неговото. Ова е важно за никој да не заостанува, да не претера со темпо кое не му одговара или пак да не може да издржи.
  11. Правете редовни паузи, особено паузи да се напиете вода. Редовната хидратација на организмот при планинарење е многу важна.
  12. Доколку се искачувате на сонце и во предел каде што нема сенки, не заборавајте да се намачкате со крем со заштитен фактор и да ја заштитите главата од сонцето.
  13. Не заборавајте да ги соберете сите отпадоци од местото каде што ќе одмарате и да ги фрлите на соодветно место. Грижата за животната средина и одговорното однесување се дел од планинарскиот бон-тон!
  14. Откако ќе завршите со планинарење, опуштете ги мускулите со масажа со Allga San Мобил гел, кој особено се препорачува за спортисти и луѓе кои водат активен живот, а е направен на база на природни состојки. Масажата со овој природен препарат е исклучително ефикасна и полезна, а ефектите од неа се чувствуваат и до 4 часа по апликацијата. Allga San Мобил гел - лесно се масира, длабоко продира и природно ослободува!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој тип на вежбање најмногу прилега во бре...
Бременост! Мислиме дека ова е периодот кога никој нема да ни замери што јадеме повеќе од вообичаено, некое кило плус нем...
2
5 брзи трикови за совршена фигура
Понекогаш ни сами не сме свесни колку со здрав начин на живот можеме да влијаеме на здравјето и да го промениме текот на...
2
Безбедно ли е да се спортува за време на б...
Убавата и цврста фигура е "фикс идеја" за повеќето жени. Тие се борат со вишокот килограми, почитуваат строги диет...
2
Брзото одење го продолжува животот
Пешачењето е едно од најдобрите работи што можете да направите за вашето здравје. Тоа е корисно за срцето, крвниот прити...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?