vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Витамините се супстанции кои влијаат врз животните процеси: раст, развој, размена на материите и физиолошка состојба на организмот. Затоа исхраната треба да обезбедува оптимална количина и баланс на примените витамини, за да се осигура здравјето и вистинскиот раст на децата. Исто така го подобруваат имунитетот и имаат значење за правилното искористување на основните хранливи материи и хемиската активност на ензимите.
Витамин А
Го потпомага растот и нормалниот развој на коските, забите, кожата и мукозните мембрани и добриот вид. Преку храната може да се најде главно во производи од животинско потекло (црн дроб, путер, жолчка, млеко и др.). Растенијата кои содржат каротин (провитамин А), во човечкиот организам се претвора во витамин А. Каротинот се содржи во жолто-портокаловите овошја и зеленчуци.
Витамин D
Популарен за профилакса на рахитис. Тој стимулира минерализација и раст на коските и е главен регулатор на метаболизмот на калциумот и фосфорот во организмот. При недостаток се развива рахитис. Се содржи се во рибиното масло, јајцата и црниот дроб. За подобра апсорпцијата на витамин Д помага сонцето.
Витамин Б1, витамин Б2, витамин Б3, Витамин Б6
Овие витамини се важни коензими во размената на јаглехидрати, протеини и масти. Учествуваат како пропратни фактори во многу ензимски процеси - во производството на црвени крвни зрнца, придонесуваат за движењето на кислородни молекули во крвта, имаат улога при формирањето на антитела и при апсорпцијата на храната. При дефицит настапуваат промени во кожата, јазикот и периферните нерви, додека кај доенчиња можат да се јават конвулзии и анемија. Најдобри извори на храна се банани, говедско месо, пивски квасец, кафеав ориз, пилешко месо, јајца, овес, кикирики, соја ореви, ореви, интегрална пченица, црн дроб, авокадо.
Витамин Ц
Познат е уште како аскорбинска киселина. Овој витамин врши многу важни функции во човечкиот организам. Учествува во формирањето на ткивата, коските и забите. Учествува во синтезата на колагенот, метаболизмот на холестеролот и невротрансмитерите, учествува во апсорпцијата на железото, ја зголемува отпорноста на организмот кон инфекции. Овој витамин не може да се произведува во човечкиот организам и мора да се внесе преку храната. Се содржи во свежото овошје и зеленчук, во поголеми количини во шипка, лути пиперки, јагоди, цитрус, црна рибизла, пипер, магдонос, коприва, спанаќ и зелка. При дефицит се намалува отпорноста кон инфекции, при системски недостиг се развива скорбут (тешко заздравуваат рани, крварење од непцата).
3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...